Conference | Предавачи 2016
Михаела Алберг
Михаела Алберг
TeliaSonera - Compliance – Усогласување: човечкиот аспект на усогласеноста
Стокхолм, Шведска

Михаела Алберг моментално работи како извршен директор за усогласеност со законите и со етичките норми во „Телиасонера“, шведски телекомуникациски гигант. Во 2013 година станува дел од нивниот тим и таа е клучната личност која го воспоставува Одделот за усогласување на работата со законите и со етичките норми во период кога работата на компанијата е под зголемено внимание од страна на обвинителството и медиумите во врска со наводната корупција.
Таа одговара пред главниот и извршен директор на компанијата и пред Комитетот за одржливост и етички норми при Одборот на директори на „Телиасонера“.

Алберг има триесетгодишно меѓународно искуство во работата како правник, како во правниот оддел така и во одделот за општи работи, и во приватниот и во јавниот сектор. Нејзината работа последниве неколку години е главно насочена кон усогласување на работата со законите и со етичките норми, со особен фокус на антикорупцијата.

Таа се стекнува со титулата магистер по правни науки на Универзитетот Лунд во Шведска, а во нејзината биографија голема трага оставиле работата за „Волво“, особено во текот на нивното ширење во НР Кина, работата за „Нобел био“, како и за „Нокиа Сименс“, каде што била клучниот играч за усогласувањето и за нивното ширење на други континенти и пазари, особено во регионот на Блискиот Исток и Африка, како и во Северна Америка.

TeliaSonera - Compliance – Усогласување: човечкиот аспект на усогласеноста
Михаела Алберг моментално работи како извршен директор за усогласеност со законите и со етичките норми...
Стокхолм, Шведска
Мариjана Винтиjадис
Мариjана Винтиjадис
Kroll - Data security and legal forensics-Безбедност на податоци и правна форензика
Милано, Италија

Маријана Винтијадис е управувачки директор во „Крол“, а како професионалец е особено фокусирана на бизнис-разузнавањето. Моментално работи во канцеларијата во Милано, каде што како извршен директор е одговорна за работењето во регионот на Југоисточна Европа.

Во 2004 година станува дел од Одделот за деловна интелигенција и истрага, а како практичар е дел од најважните процеси на бизнис-разузнавање во корпоративното работење на „Крол“.
Таа и нејзиниот тим работеле на голем број задачи во јавниот и во приватниот сектор, каде што давале непроценливи насоки во поглед на процената на ризиците при големите спојувања и корпоративните трансакции, ги откривале врските со мафијата и прекршувањата на санкциите, давале поддршка во спорови, во процеси на поврат на средства, а им помагале на клиентите и при ограничувањето на ризикот од неисполнување на договорот од другата договорна страна и при преземањето одговорност од губењето на добриот глас и углед.
Винтијадис има големо искуство и во работата во енергетскиот, банкарскиот и телекомуникацискиот сектор, а воедно работела и во секторот на бродскиот транспорт и индустријата на игри на среќа.

Како менаџер, работата на Маријана е фокусирана на ширење на италијанскиот пазар, како и на развој на активностите во Грција, унапредување на работата и мрежата на компанијата во Австрија и на Балканот и, во последно време, во Шпанија и Португалија.
Пред да му се придружи на тимот на „Крол“, Маријана работи за „Навале асикурациони“ во Италија, а поминува и осум години во научно-истражувачката дејност на Универзитетот Кембриџ.

Kroll - Data security and legal forensics-Безбедност на податоци и правна форензика
Маријана Винтијадис е управувачки директор во „Крол“, а како професионалец е особено фокусирана на бизнис-разузнавањето....
Милано, Италија
Филип Пенсол
Филип Пенсол
Quinn Emanuel Urquhart & Sullivan LLP - Договорно право поврзано со арбитража - влијанието на променетите околности
Париз, Франција

Филип Пенсол е управувачки партнер на париската канцеларија на Адвокатското друштво „Квин Емануел“. Работел како адвокат во повеќе од 200 меѓународни арбитражи, со посебен фокус на арбитражните процеси меѓу инвеститори и држави и на деловните спорови во енергетиката, во нафтената и гасната индустрија, во градежништвото и во одбранбената индустрија.

Како арбитер учествувал во над 40 процеси, а воедно бил во улога на стручен сведок во арбитражи и судски спорови во францускиот правен систем.

Од „Чемберс глобал“ наведуваат дека клиентите го дефинираат како „беспрекорен стратег со одлично чувство за тактичност“, а додаваат и дека „неговиот прагматичен пристап, одличниот интелект и докажаната техничка вештина го издвојуваат од останатите“. Реномирани институции и организации го истакнуваат како „експерт во нафтената и гасната проблематика“, а интернет-магазинот whoswholegal.com го воздига, припишувајќи му „беспрекорни вештини во застапувањето“.

Добитник е на голем број награди и признанија од реномирани меѓународни здруженија и институции, меѓу кои и наградата за најдобар адвокат за арбитражи во Франција за 2014 година, како и наградата за адвокат на годината за решавање на спорови во енергетскиот сектор во Франција во 2015 година.

Quinn Emanuel Urquhart & Sullivan LLP - Договорно право поврзано со арбитража - влијанието на променетите околности
Филип Пенсол е управувачки партнер на париската канцеларија на Адвокатското друштво „Квин Емануел“. Работел како...
Париз, Франција
Карл Остринг
Карл Остринг
AB Traction - Modern legal counsel - Современ in-house правник
Стокхолм, Шведска

Карл Остринг работи како главен правен застапник и инвестициски менаџер во „АБ Тракшн“, инвестициска компанија која е активна на берзата Насдак Стокхолм уште од 2011 година.

Неговата правна работа се фокусира на договорното право, на корпоративното право и на меѓународните комерцијални трансакции, а поседува богато искуство и од областа на стечајната постапка и реструктурирањето на бизниси. Како инвестициски менаџер, тој е и директор на неколку холдинзи во рамките на „АБ Тракшн“, а воедно работи на евалуација и преговарање во рамките на новите инвестициски процеси.

Работел и како управувачки партнер на „Магнусон адвокати“ во Стокхолм каде што започнува со работа во 2006 година, а работел и во претставништвата во Минск и во Москва.

Ја започнува кариерата во „Филгиа“ во Стокхолм во 2000 година, а во периодот од 2000 до 2006 година се занимавал со прашања поврзани со корпоративно право, судски постапки и проблеми поврзани со несолвентност.

Карл Остринг е моментално претседател на Одборот на директори во „Дрилкон АБ“ (компанија активна на берзата Насдак север), „Анкарсрум моторс АБ“, „Анкарсрум кичен“, „Анкарсум дие кастинг АБ“ и директор на „Рекo AБ“. Тој е и потпретседател во „Дурок АБ“ (Насдак Стокхолм), а течно говори шведски и англиски и има основно познавање на шпанскиот и рускиот јазик. Дипломирал француски јазик на Универзитетот во Стразбур, а во 2000 година на Универзитетот во Упсала се здобива со титулата магистер по правни науки.

AB Traction - Modern legal counsel - Современ in-house правник
Карл Остринг работи како главен правен застапник и инвестициски менаџер во „АБ Тракшн“, инвестициска компанија...
Стокхолм, Шведска
Џереми Хопкинс
Џереми Хопкинс
Clerkingwell Consulting - Legal technologies – Правни технологии
Рединг, Велика Британија

По долгогодишното искуство во управувањето со правна практика во водечките адвокатски трговски комори, во 2012 година Џереми Хопкинс беше назначен како оперативен директор во „Ривервју ло“, каде што игра клучна улога од самото формирање на компанијата, па сè до нејзината водечка успешна правна приказна.

Потоа, тој преминува на висока лидерска функција во компанијата „Обелиск поддршка“, која е иновативен наградуван давател на комерцијална правна поддршка на корпоративните правни оддели и правни фирми.

Во овој момент, Џереми е независен консултант кој се залага за помагање на бизнисите да селектираат, да вклучат и да управуваат со правни решенија, со фокус на зголемување на нивната комерцијална вредност.
Тој е добропознат експерт коментатор на развојот на пазарот на правните услуги, кој се занимава и со издавачка дејност и зема активно учество на социјалните медиуми и правните конференции.

Clerkingwell Consulting - Legal technologies – Правни технологии
По долгогодишното искуство во управувањето со правна практика во водечките адвокатски трговски комори, во 2012...
Рединг, Велика Британија
проф. д-р Кирил Чавдар
проф. д-р Кирил Чавдар
Судија на Врховен суд на РМ во пензија - 60 години страст за правото

д-р Кирил Чавдар е еден од најреномираните и најугледни правници во Република Македонија, со долгогодишно искуство во сите правни области. Тој е магистер по правни науки во областа на извршната постапка и доктор во областа на граѓанската и правна заштита на државната сопственост.

Роден е во Ресен, а основно и средно образование завршил во Ресен, Битола и Охрид. Се запишал на Правниот факултет во Загреб, каде што дипломирал во 1955 година.
Неговото прво работно искуство било како судски приправник, а поминал и една година како асистент на Правниот факултет во Скопје.

Во 1958 година бил избран за судија на Околискиот суд Скопје II, а при крајот на 1959 година и во 1966 година станал судија на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1968 до 1975 година ја презел улогата на помошник на републичкиот секретар за правосудство на СРМ.

Во 1975 година го направил следниот чекор во неговата професионална кариера кога бил избран за судија на Врховниот суд на Македонија, а во 1982 година – за заменик на јавниот правобранител на Македонија.

Кон крајот на осумдесеттите години заминал во Сојузниот суд во Белград, каде што останал до распадот на СФРЈ, а потоа повторно работел во Врховниот суд на Република Македонија и на таа функција останал до своето пензионирање.

Своето непроценливо искуство го споделил и како член на Републичкиот судски совет во периодот 2000 – 2003 година, а учествувал и во подготовката на бројни законски решенија.

Автор е и на десетици публикувани изданија од областа на граѓанското право и судската пракса кои и ден денес се незаменлива алатка на правниците низ цела држава.

Судија на Врховен суд на РМ во пензија - 60 години страст за правото
д-р Кирил Чавдар е еден од најреномираните и најугледни правници во Република Македонија, со долгогодишно...
Константинос Корнилакис
Константинос Корнилакис
Koumentakis and Associates Law - Примена на правото во услови на економска криза – Предизвици и развој во сегашноста и во иднината
Солун, Грција

Константинос Корнилакис е правник во Врховниот суд на Грција со долго судско и вонсудско искуство во полето на правниот консалтинг кај големите компании.

Тој е партнер во Адвокатското Друштво Кументакис и соработници уште од 2004 година - една од најголемите адвокатски канцеларии по европски стандарди во Северна Грција, заедно со основачот на друштвото Ставрос Кументакис, Ламброс Тимотеу и други.
Нивното друштво има широка мрежа на професионалци на највисокот ниво кои имаат големи познавања на правни прашања (како и останати неправни прашања поврзани со одданочување, сметководство и други). Имаат многу блиска и долгорочна соработка со најголемите меѓународни консултанстски и ревизорски компании.

Клучната цел на друштвото е да имаат специфичен пристап кој на клиентите ќе им понуди повеќе отколку само „обичен“ правен совет (стратегија, менаџмент, управување со кризни ситуации) и да им овозможи на малите и средни компании активни на грчкиот пазар и во странство целосна поддршка во поглед на сите правни (судски и вонсудски) прашања со кои се соочуваат. На тој начин на работа стекнуваат долгорочни и задоволни клиенти кои умеат да ја препознаат нивната работа со децении.

www.koumentakislaw.gr/en/

Koumentakis and Associates Law - Примена на правото во услови на економска криза – Предизвици и развој во сегашноста и во иднината
Константинос Корнилакис е правник во Врховниот суд на Грција со долго судско и вонсудско искуство...
Солун, Грција
академик д-р Жан Митрев, MD FETCS
академик д-р Жан Митрев, MD FETCS
Специјална болница „Филип Втори“ – Скопје - Управување со ризици во најчуствителната индустрија

д-р Жан Митрев е еден од најпознатите македонски кардиохирурзи. Тој е основач, сопственик и менаџер на Специјалната болница „Филип Втори“ која повеќе од една деценија има илјадници задоволни пациенти од целиот регион. Добитник е на огромен број награди и признанија во Македонија и во светот, а член е и на Македонската академија на науките и уметностите.

Специјална болница „Филип Втори“ – Скопје - Управување со ризици во најчуствителната индустрија
д-р Жан Митрев е еден од најпознатите македонски кардиохирурзи. Тој е основач, сопственик и менаџер...
д-р Маја Менард
д-р Маја Менард
Odvetniška pisarna Ulčar & partnerji d.o.o. - Како најдобрите таленти од правната фела да станат дел од најважните правни процеси
Љубљана, Словенија

Маја Менард е докажан професионалец, со над десетгодишно практично искуство посветено на надминување и решавање на спорови, потоа, искуство посветено на спојувања и преземања, на регулативни процеси, како и на заштита на конкуренцијата. Покажува особен интерес за прекугранични трансакции и странски инвестиции, а ги застапува клиентите во сложени судски спорови, како и во постапки за алтернативно решавање на споровите.

Исто така, таа ги советува клиентите во поглед на реструктурирањата и заедничките вложувања.
Во минатиот период ја водеше високоризичната продажба на словенечкиот удел во „Нова КБМ“ и советуваше една од врвните словенечки осигурителни компании во процесот на продажба на мнозинскиот удел во водечки словенечки автобуски оператор. Од друга страна, Менард успешно ја застапуваше и Европската комисија пред Европскиот суд на правдата во случај на укинување на одлуката за доделување на државна помош.

Дипломирала како најдобра во својата класа на Универзитетот во Љубљана, а магистерските и докторските студии ги завршува во Париз, на Универзитетот Париз – Нантер. По завршувањето на докторските студии, се вработува во париското претставништво на „Клери Готлиб Стин и Хамилтон ЛЛП“, каде што се стекнува со значајно искуство во работата со странски клиенти, особено во поглед на постапките за алтернативно решавање на споровите.

Во 2010 година станува дел од „Улчар и партнери“, а во 2013 е унапредена во партнер.

Odvetniška pisarna Ulčar & partnerji d.o.o. - Како најдобрите таленти од правната фела да станат дел од најважните правни процеси
Маја Менард е докажан професионалец, со над десетгодишно практично искуство посветено на надминување и решавање...
Љубљана, Словенија
Ненад Бакиќ
Ненад Бакиќ
Инвестирајте паметно и сериозно сфатете ги акционерските собранија
Загреб, Хрватска

Претприемач и инвеститор.

Професионално искуство во областа на математиката, финансиите, интернетот и човечките ресурси. Основач е на неколку онлајн бизниси за човечки ресурси.

Како математичар по професија работи на Катедрата по математика на Универзитетот во Загреб пред да го основа својот прв бизнис за финансиски анализи. Исто така, работи и во делот на корпоративните финансии и процената на менаџментот во повеќе институции. Тој е првиот во Хрватска кој има добиено CFA сертификат (сертификат за овластен финансиски аналитичар).

Од 2000 година е посветен на водењето на сопствените бизниси. Во 2007 го продава водечкиот веб-сајт за вработување „Мој посао“ (MojPosao), што претставува најголемата трансакција поврзана со интернет во регионот.

Тековните бизниси вклучуваат и селекција и привремени вработувања на компании во регионот.
Тој е признат инвеститор во вредност во јавни компании регистрирани на Берзата во Загреб и angel инвеститор. Истакнат член е на жирито на „Ернст и Јанг“ за избор на претприемач на годината.
Го основа и го финансира проектот „Хрватски иноватори“(Croatian Makers), посветен на развојот на роботиката и автоматиката во хрватските училишта преку донирање на роботичка опрема и опрема за авоматика.Проектот донираше во повеќе од 60 училишта и други организации пред влучувањето во големата Лига на хрватски иноватори, донирајќи 1 200 роботи во повеќе од 200 училишта во Хрватска и организирајќи лига за роботика, со разни придружни проекти во СТЕМ-образованието.

Еден од најзначајните филантропи во Хрватска, којшто ги поддржува иницијативите на граѓанскиот сектор и којшто основа и други проекти за филантропија. Активно е вклучен во креирањето на јавното мислење преку учество во јавни дискусии, промовирајќи ја либералната демократија и слободните пазари.Член е на загрепскиот Ротари клуб и активно е вклучен во многу проекти на Клубот, вклучувајќи го и Проектот за глобални грантови за Глина: Мост кон подобра инднина. Тој е автор на најпопуларниот блог во Хрватска „Еклектика.хр“. Женет е и има две деца.

Инвестирајте паметно и сериозно сфатете ги акционерските собранија
Претприемач и инвеститор. Професионално искуство во областа на математиката, финансиите, интернетот и човечките ресурси. Основач...
Загреб, Хрватска