Conference | Предавачи 2015
Владимир Глигоров
Владимир Глигоров
Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW)

Владимир Глигоров е виш истражувач во Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), а неговото истражување е фокусирано на макроекономијата, економијата и политиката во Југоисточна Европа, а посебно во државите од поранешна Југославија. Тој има работено конкретно во областите на трговска интеграција, развој на финансискиот сектор, структурни политики, теорија и политики на развој и нееднаквост во Југоисточна Европа. Владимир Глигоров работи на истражувачки проекти за Европската комисија, има консултантски ангажмани за меѓународни организации како што е Светска банка, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), итн., а работел и како консултант на хрватскиот претседател и на македонската и српската влада. Тој е предавач на Универзитетот во Виена. Владимир Глигоров е редовен соработник на фирмата Oxford Analytica (Оксфорд и Њујорк). Има пишувано статии за весникот „Волстрит Џурнал“ и пишува редовни колумни за повеќе весници и неделници во Југоисточна Европа.

Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW)
Владимир Глигоров е виш истражувач во Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), а неговото...
Теодорос Малфас
Теодорос Малфас
Претседател на одборот на директори во Мермерен комбинат АД, Прилеп и директор на NBGI Private Equity Limited

Теодорос Малфас е директор на NBGI Private Equity Limited. Господин Малфас му се придружил на друштвото NBGI Private Equity Limited во 2001 година. Бил кредитен аналитичар и менаџер за односи со клиенти во Cyprus Popular Bank Public Co Ltd. Господин Малфас работел и како соработник во NBG Venture Capital. Пред да дојде во NBG Venture Capital, тој работел како аналитичар на приватен капитал во инвестицискиот огранок на SFS Group Public Company Ltd во период од една и пол година. Господин Малфас работел седум години во Laiki Bank во Атина, Никозија и Лондон како кредитен аналитичар/менаџер на односи со клиенти и една година како виш аналитичар на хартии од вредност во одделението за инвестициско банкарство во истата групација. Тој е претседател на одборот на директори во Мермерен комбинат АД, Прилеп и директор на NBGI Private Equity Limited. Ја посетувал Извршната програма за корпоративни финансии (CFE) на Лондонското училиште за бизнис во периодот од 1997 до 1998 година и дипломирал право, насока корпоративно и трговско право во 1996 година на Универзитетот во Атина.

Претседател на одборот на директори во Мермерен комбинат АД, Прилеп и директор на NBGI Private Equity Limited
Теодорос Малфас е директор на NBGI Private Equity Limited. Господин Малфас му се придружил на...
Горан Јерас
Горан Јерас
Оснавач на First Ethical Bank Osijek

По завршувањето на студиите по физика на Природно-математичкиот факултет во Загреб, Горан Јерас заминува да работи во Холандија како консултант во финансискиот сектор. Негова стручна област била дизајн на комплексни ИТ системи за финансиски институции и, по избивањето на финансиската криза во 2008 година, анализа и унапредување на моделите за проценка на ризици. Разочаран од отуѓувањето на комерцијалните банки од потребите на економиите и друштвата, тој почнува да се занимава со алтернативни методи за финансирање, социјално претприемништво, модели за поттикнување на одржлив развој и етичко банкарство. Од крајот на 2013 година, тој работи на проектот за основање на етичка банка во Република Хрватска. Од моментот на основање на Задругата за етичко финансирање во април 2014 година, тој станува нејзин прв управител.

Оснавач на First Ethical Bank Osijek
По завршувањето на студиите по физика на Природно-математичкиот факултет во Загреб, Горан Јерас заминува да...
Борислав Бојанов
Борислав Бојанов
Основач и управен содружник во "Boyanov & Co."

Образование
- Правен факултет, Универзитет Св. Климент Охридски во Софија, магистер по право, рангирање во класот: прв во класот од 500 студенти
- Академија за американско и меѓународно право, Југозападен институт
- Правна фондација, Далас, САД
Сегашни и поранешни работни места
2015 – досега: основач и претседавач на Индиско-бугарската бизнис комора
2014 – досега: член на одборот на директори на Британско-бугарската бизнис асоцијација
2003 – досега: основач, копретседавач и почесен претседавач на Правната група на Југоисточна Европа (SEE Legal)
2002 – досега: Застапник пред Европскиот патентен завод
2000 – досега: Почесен конзул за Малта во Бугарија
1990 – досега: основач и управен содружник во Boyanov & Co. – врвна бугарска адвокатска канцеларија.
Избрани признанија
- Основачкиот содружник Борислав Бојанов е “водечко име во ова поле“ и е високо ценет поради неговото богато искуство и стручност во однос на бугарските корпоративни прашања, како и трансакциските прашања во централна и источна Европа. Изворите го сметаат за „човекот на којшто треба да му се обратите за стратешки совети“ – Chambers Europe 2015, Corporate/Commercial
- Единствениот бугарски адвокат кој редовно се појавува на листата на најугледни правни фирми „Who’s Who Legal“ за полето на спојувања и аквизиции.
Членства
- Адвокатска комора на Софија, Адвокатска комора на Бугарија (1984 г. -); Меѓународна адвокатска асоцијација (1989 г. -); претставник на Бугарија, член на Советот, заменик претседавач, постар заменик претседавач (1994-2004 г.), копретседавач (2004-2006 г.) на Европскиот форум на МАА; член на Советодавниот одбор на Европскиот форум (2007); претседавач на Фондацијата за правен развој; основач и претседавач на Балканскиот правен форум; Член на Советодавниот одбор на Институтот за меѓународно и компаративно право, Центар за американско и меѓународно право, Далас, Тексас; Заменик претседател на бугарската Инвестициска и бизнис асоцијација (2003-2006 г.); член на Одборот на директори (2003-2006 г.), претседател (2006-2009 г.) на американската Стопанска комора во Бугарија; член на Одборот на Конфедерацијата на индустријалци и работодавачи во Бугарија (2006-2012 г.); претседавач на SEE InvestConsult; член на Одборот на директори на Британско-бугарската бизнис асоцијација (2015 г. -).
Јазици
- Англиски, руски, бугарски

Основач и управен содружник во "Boyanov & Co."
Образование - Правен факултет, Универзитет Св. Климент Охридски во Софија, магистер по право, рангирање во...
Јон Адамс
Јон Адамс
Директор Adams Group, Washington D.C.

Виш меѓународен правник и мултифункционален стратег со над 20-годишно искуство во советување на американски и меѓународни компании, јавни-приватни претпријатија и влади во врска со јавни политики и правни, регулаторни и трансакциски прашања во секторите за информациски и телекомуникациски технологии (ICT), телекомуникации и Интернет, како и други регулирани комунални сектори. Поседува длабока експертиза во однос на функционални прашања за меѓународни, компаративни и домашни информатички и телекомуникациски технологии/телеком, трговија и законите за пазарна конкуренција во комбинација со оперативно разбирање на предметната област, маркетиншки вештини и способност за извршно раководство. Солидно академско искуство, со објавени дела и говори во јавност. Дополнително надворешно искуство во Европа, Блискиот исток, југоисточна Азија, подсахарска Африка и Кафказ. Искуство во управување со програми, технолошки ресурси и други средства. Значајни одговорности во областа на деловниот развој.

Специјалности: Глобално критичко инфраструктурно планирање и управување (телеком, ИТ, информатички и телекомуникациски технологии, Интернет и регулирани комунални услуги); американски/меѓународни телекомуникациски технологии, трговија и ИТ политика, право и регулатива; стратешка анализа и планирање; оптимизација на финансии/ресурси; извршно раководство и управување со промените; обука и менторство на персоналот; маркетиншки и деловен развој; односи и комуникации со засегнати страни; градење на тимови и овозможување; преговори и постигнување консензус; управување со јавни/приватни претпријатија.

Директор Adams Group, Washington D.C.
Виш меѓународен правник и мултифункционален стратег со над 20-годишно искуство во советување на американски и...
Nadja Wachter
Nadja Wachter
Менаџер за односи со клиенти, The Quality Group GmbH

Nadja Wachter е дел од The Quality Group од оваа година. Во функцијата која ја врши, како Менаџер за односи со клиенти, таа е одговорна за организациски и процесен консалтинг со фокус на постојните клиенти.

По завршување на студиите по “Стопанско право“ на Универзитетот во Линебург (Германија) и “Меѓународен бизнис” на Универзитетот во Калифорнија, Беркли (САД), започна да работи на полето на консалтингот - интензивни софтверски решенија за човечки ресурси. Во меѓувреме, се стекна со повеќе од 10 годишно искуство во консалтинг и менаџмент консалтинг, работејќи во голем број на бизнис индустрии, меѓу кои и здравството, малопродажбата, автомобилската индустрија, машинството и јавната администрација.

Менаџер за односи со клиенти, The Quality Group GmbH
Nadja Wachter е дел од The Quality Group од оваа година. Во функцијата која ја...
Лука Мишетиќ
Лука Мишетиќ
Адвокат во Misetic Law Office

Лука Мишетиќ дипломирал на факултетот за политички науки во 1992 година на Универзитетот Нортвестерн, со извонредни резултати. После тоа, се запишал на правниот факултет на Нотр Дам каде дипломирал во 1996 година и добил наградата од Деканот за истакнати резултати во студирањето меѓународно право.
Г-дин Мишетиќ е меѓународен адвокат со долгогодишно искуство во меѓународните судови. Со повеќе од 18 години искуство во судења, Лука е вклучен и во национални и меѓународни случаи во кои се фокусира на застапување на поединци, компании и влади во сложени трговски, граѓански, меѓународно кривични и меѓународно арбитражни случаи.
Тој ги советува независните држави во меѓународните правни случаи кои се водат во ИЦСИД, Постојаниот арбитражен суд, Меѓународниот суд на правдата и разни други меѓународни трибунали. Тој, исто така, застапува клиенти во домашни судски постапки, вклучувајќи случаи за прекршувања на договори, измами и партнерски спорови.
Мишетиќ се стекна меѓународно внимание додека го бранеше босанскиот Хрват, Анто Фурунџија во 1999 година. Со ангажманот на Лука во Хаг (каде што помина две години), како главен бранител на хрватскиот генерал Анте Готовина пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, тој, исто така го привлече вниманието на целиот свет. Тој беше најмладиот адвокат кој некогаш бранел случај во Меѓународниот кривичен суд и беше профилиран во голем број на публикации, вклучувајќи ги и The New York Times и Chicago Lawyer.
Освен тоа, тој застапува клиенти во државни, сојузни и меѓународни судски постапки, вклучувајќи и трговски, граѓански, криминал на „белите јаки“ и меѓународни кривични случаи. Лука застапува корпорации и партнерства, како и нивни директори, службеници и партнери во случаи на повреди на договори и повереничко-должнички тужби, регулаторни прашања, тужби по трговски тајни, измами и тужби за небрежност, како и разни други тужби.
Списанието Глобус (Загреб, хрватски неделник) го вброја како „еден од 100-те највлијателни Хрвати во светот." Во 2013 година, тој ја доби Vinodol Code наградата на хрватско–американското здружение на адвокатски комори за неговата истакната адвокатска кариера и посебен придонес кон хрватско-американска заедница.

Адвокат во Misetic Law Office
Лука Мишетиќ дипломирал на факултетот за политички науки во 1992 година на Универзитетот Нортвестерн, со...
Александра Девендра
Александра Девендра
Kонсалтинг за правен дизајн

Александра Девендра е адвокат по професија, но нејзината страст за дизајн ја натера да премине од примената на правото во консалтинг за правен дизајн. Александра порасна во северен Њујорк, а потоа отпатува во Калифорнија за да се стекне со универзитетска диплома, каде дипломираше cum laude на Pomona Колеџот и се стекна со диплома за завршени додипломски студии по француски јазик. По факултетот, работеше како билингвален извршен асистент за луксузна француска компанија во градот Њујорк, каде почна да се интересира за внатрешен дизајн. Потоа Александра се стекна со звањето Доктор по правни науки summa cum laude на Case Western Reserve Универзитетот во Кливленд, Охајо. По дипломирањето се врати во Калифорнија, поточно Сан Франциско. Работеше во областа на правото во Nixon Peabody LLP, една од 100-те најуспешни фирми на глобално ниво, каде се фокусираше на судски постапки во областа на вработување и правото на социјалните медиуми. Додека ја читаше Типографија за адвокати, Александра сфати дека адвокатите би можеле да ја подобрат примената на правото не само со примена на типографијата, туку и сите аспекти на графичкиот дизајн како и информатички дизајн, дизајн од корисничко искуство и дизајнерско размислување. Оваа нова пасија за правен дизајн ја инспирираше Александра да ја напушти примената на правото и да започне сопствен бизнис за консалтинг за правен дизајн.

Kонсалтинг за правен дизајн
Александра Девендра е адвокат по професија, но нејзината страст за дизајн ја натера да премине...
Предраг Константиновиќ
Предраг Константиновиќ
LLB, Junior partner, JMS Law Office

Предраг Константиновиќ е сестран адвокат во областа на трговско право во Белград, пред се обезбедувајќи услуги во областа на трговското право, интелектуалната сопственост, конкуренција и правни работи кои се однесуваат на обновлива енергија откако стана член на Белградската адвокатска комора во 2004 година. Иако неговото професионално досие се состои од првокласни српски и мултинационални корпорации како клиенти, Предраг беше доста вклучен и во пружање на правна помош на непрофитни организации, во својство на локален правен консултант на Канцеларијата на главниот инспектор и Одделот за правни работи и сообразност на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, базиран во Женева. Една од кулминациите во правната кариера на Предраг досега е неговиот ангажман на EXIT фестивалот во Нови Сад, Србија (Најдобар голем европски фестивал во 2013 година- Европските награди за фестивали), каде со години е во својство на главен правен консултант.

Пред да стане член на JMS practice, Предраг беше ангажиран како адвокат во Телеком Србија, најголемиот телекомуникациски оператор во регионот на Југоисточна Европа, а пред тоа работеше како Раководител на персоналот на министерот за религиозни работи во првата демократски избрана влада на Србија по колапсот на режимот на Милошевиќ.

Покрај неговото образование како правник на правниот факултет во Белград, Предраг дипломираше и на Дипломатската академија на српското Министерство за надворешни работи, беше стипендист на Фондацијата Конрад Аденауер, како и стипендист на Демократската програма за лидерство на Советот на Европа.

LLB, Junior partner, JMS Law Office
Предраг Константиновиќ е сестран адвокат во областа на трговско право во Белград, пред се обезбедувајќи...
Слободанка Гиевска
Слободанка Гиевска
Директор на одделот за регулаторни работи и големопродажба, Сектор за корпоративни работи, Македонски Телеком АД Скопје

Слободанка Гиевска е во телекомуникацискиот бизнис скоро 12 години. Во моментот е на функција Директор на одделот за регулаторни работи и големопродажба и В.Д. раководител на секторот за корпоративни работи на консолидираното друштво (Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија).

Таа е магистер по европски студии на "Rheinische Friedrich-Wilhelms-Universitat Bonn“, во Бон, Германија а додипломски студии по право има завршено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Од 2004 година работи за Т-Мобиле Македонија АД Скопје а потоа во Македонски Телеком АД Скопје.

Таа имаше активна улога во процесот на фузионирањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и проценката на можните правни и регулаторни ризици.

Директор на одделот за регулаторни работи и големопродажба, Сектор за корпоративни работи, Македонски Телеком АД Скопје
Слободанка Гиевска е во телекомуникацискиот бизнис скоро 12 години. Во моментот е на функција Директор...
Read McCaffrey
Read McCaffrey
Liddle & Robinson LLP

Образование:
Универзитет во Вирџинија, Додипломски студии
Универзитет во Балтимор, Доктор по правни науки
Професионална асоцијација:
Помошник јавен бранител- Држава Мериленд, Партнер- Whiteford, Taylor & Preston (Балтимор)
Партнер – Patton Boggs, LLP ( 1990 - 2015), Liddle & Robinson LLP, во моментот
Искуство и позадина:
Стипендист- Американски колеџ за адвокати-парничари, Порано, Член- Адвокат во St. George’s House, Замокот Виндзор
Порано, Одговорен адвокат – Amtrak/Несреќа Conrail
Порано, Одговорна адвокатска комисија, Lead Counsel, Committee – Жртвите од Локерби/Влада на Либија., Соработник-Одговорен адвокат – Turkcell против Исламска Република Иран, Советник за поврат на средства- Влада на Ирак, Соработник-Одговорен адвокат – Влада на Хрватска/MOL Hungarian O
Специјалности:
Меѓународно решавање на спорови, Анализа на ризик, Управување со кризи, Поврат на средства, Корпоративна усогласеност/Dodd Frank, FATCA, OFAC, CISADA, Basel III, FATF, и слично.
Скорешни клиенти се:
Трговска Банка на Ирак, Влада на Ирак
AEGIS (Brigadier James Ellery), CNA/Continental, Арапска Банкарска Корпорација, Turkcell, A.S., The Phoenix Group/Каиро (Mahmoud Aboul Nasr), NGIS/Каиро, SACBES/Мексико Сити (Jesus Ramirez), Grupo Vicini – Доминиканска Република, Влада на Хрватска, Sir Claude Hankes, UBS, United Brownsville/Matamoros, Мексико BINED
Застапник за решавање на меѓународни спорови 1) Застапник на семејствата на членовите на екипажот убиен на Pan Am, 103 над Локерби, Шкотска и служба во Комисијата на тужителот назначена од страна на судот во преговорите за решавање на сите тужби со владата на Либија- Окружен суд на Соединетите Држави за Источната област на Њујорк- конечна пресуда- Решено во корист на семејствата 2) Застапник на ISG, групација за инвестиции од Хонг Конг против ABM AMBRO за незаконска исплата на средства на депозити- Врховен Суд во Њујорк- конечна пресуда- пренесена во Холандија 3) Застапник на Првата национална банка против Лазард Фререс (сега Лазард Лтд.) за спроведување на Договор за преостанат надомест кој произлегува од продажбата на опрема Philippine Airlines- Врховен суд во Њујорк- конечна пресуда- во корист на Првата национална банка на судење 4) Застапник на Плива д.о.о. во тужба против Baxter International Inc. за незаконско инволвирање на педесет и три смртни случаи во Хрватска и Шпанија. Тужбата беше поднесена во Окружниот суд во Соединетите Држави за Северната област на Илиноис- конечна пресуда- решено во корист на Плива. 5) Banco del Progreso против Pedro Castillo – застапување на акционери на банка во тужби против поранешниот Извршен претседател за кражба на 50 милиони долари во текот на петгодишен период на измама. Настаните се случија во Доминиканската Република и Флорида. Тужба беше поднесена во Окружниот суд за областа Дејд/ Мајами- конечна пресуда- пресуда на судење за Banco – 100 милиони долари 6) Застапување на AECTRA Refining против Societe Generale Group за измама и корпоративна загуба пред Окружниот суд во Соединетите Држави за Јужната област на Њујорк- конечна пресуда- решено во корист на AECTRA денови пред поднесувањето 7) Застапување на CNA Insurance за комплетирање и наплата по основ на одлука во рамки на ICSID против Република Аргентина- која дотогаш се водела во Окружниот суд во Соединетите Држави за Областа Колумбија- конечна пресуда- решено пред судење 8) Застапување на Трговската банка на Ирак и нејзините побарувања против Union de Banques Arabes et Francaises (UBAF) за незаконска исплата според Акредитив што вклучува продажба на нафта на Total- статус- решавање во дискусии пред арбитража на Меѓународната Трговска Комора. 9) Застапување на Владата на Хрватска во Ад Хок/ UNCITRAL арбитража МOL Hungarian Oil and Gas

Liddle & Robinson LLP
Образование: Универзитет во Вирџинија, Додипломски студии Универзитет во Балтимор, Доктор по правни науки Професионална асоцијација:...
д-р Сузана Лошковска
д-р Сузана Лошковска
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Родена е 1966 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1988 и 1992 година, соодветно. Докторските студии ги завршила на Техничкиот универзитет во Виена, Австрија, во 1995 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје работи од февруари 1992 година, како помлад асистент, а во 1995 година e избрана за асистент. Во својата професионална кариера напредувала во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор во 1997, 2002 и 2007 година, соодветно. Во периoдот 2004-2008 година ја извршувала функцијата продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Автор е на стотина научни трудови од областа на компјутерската техника и информатика, девет трудови поврзани со имплементацијата на Европскиот кредит трансфер систем и два учебника за учениците од средното образование. Учествувала во и раководела со повеќе домашни и меѓународни научни проекти.

Член е на меѓународните здруженија IEEE, ACM и IASTED. Од 2006 година ја извршува функцијата потпретседател на IEEE секцијата на Р Македонија. Член е на бордот на едитори на списанието INFORMATICA, интернационално списание за компјутери и информатика од Р. Словенија. Нејзините истражувања се фокусирани на областите: визуелизација на податоци, кориснички интерфејси, виртуелна реалност, медицинска информатика.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Родена е 1966 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во...