Conference | Предавачи 2014
Аленка Жнидаршиќ Крањц
Аленка Жнидаршиќ Крањц
Prva Group

Аленка Жнидаршиќ Крањц во словенечкиот деловен круг важи за најуспешна жена, менаџер и претприемач. На јавноста ѝ станала позната откако станала член на управата на мариборскиот „KBM Infond”, a нешто подоцна станува и ко-основач на компанијата „Деј“. Аленка Жнидаршиќ Крањц била претседател на Надзорен одбор во „Лука Копер“ А.Д.

Потоа, станува дел првото друштво за доброволно пензиско осигурување „Прво покојнинско дружбо“ кое набргу се отпочнува да работи и надвор од Словенија, проширувајќи се меѓународно.

Денес, Аленка е извршен директор на „Прива осебна заворавалница“ А.Д, претседател на Управен одбор на „Скупина Прва, заваровалниски холдинг“ А.Д. и претседател на Надзорен одбор на „Деос“ А.Д.

Аленка е автор и ко-автор на неколку стручни книги, како: „Privatizacija ali zakonita kraja: divja privatizacija, načrtovana kraja, neznanje, ali slovenska nevoščljivost?“, „Ekonomika in upravljanje neprofitne organizacije“, „Planirani stečaji?: značilnosti, razlogi, koristi in škoda v stečajih slovenskih podjetij“, „Strateški menedžment: Poslovni prigodki“ и др.; предавач на разни институции и остроумен коментатор во познати списанија од областа на финансиите.

Prva Group
Аленка Жнидаршиќ Крањц во словенечкиот деловен круг важи за најуспешна жена, менаџер и претприемач. На...
Проф. д-р Димитар Гелев
Проф. д-р Димитар Гелев
Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1986 година на правосудна насока.

На Правниот факултет во Скопје е избран во звањето помлад асистент во 1988 година на научната област „Самоуправно здружен труд“.

Со академски степен магистер на правни науки се здобил на Правниот факултет во Скопје во 1992 година кога го одбранил магистерскиот труд „Друштва на лица“, по што во 1993 година е избран во звањето „асистент“ по предметот „Право на друштвата“.

Докторска дисертација на тема „Берзи на хартии од вредност - правни аспекти“ одбранил на Правниот факултет во Скопје во 1995 година и се стекнал со звањето „доктор“ од областа на правните науки.

Во звањето „доцент“ е избран во 1996 година на предметот „Право на друштвата“. Отогаш држи настава и по предметот „Право на хартии од вредност“.

Учествувал во изготвување на значаен број законски проекти и објавил значаен број научни и стручни трудови.

Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1986 година на правосудна насока. На Правниот...
Сандра J. Робертс
Сандра J. Робертс
Извршен директор и основач на Sandra Roberts Consulting LLC

Сандра Робертс е извршен директор и основач на „Sandra Robertst Consulting“. Taa има повеќе од 30-годишно правно искуство, од кои 20 години работејќи како менаџер за ризик, успешно менаџирајќи го управувањето со ризиците за две големи правни фирми во Северна Калифорнија. Сандра има 7-годишно работно искуство во општинските судови во Калифорнија.

Денес, Сандра Роберт е консултант на голем број компании помагајќи им и советувајќи ги во создавањето на нивните процедури за управување со ризици. Покрај тоа, Сандра е активна блогерка, објавува свои авторски текстови за реномираниот блог „Legal Solutions Blog“ во сопственост на угледната издавачка куќа „Thomson Reuters“.

Извршен директор и основач на Sandra Roberts Consulting LLC
Сандра Робертс е извршен директор и основач на „Sandra Robertst Consulting“. Taa има повеќе од...
д-р Звонко Кремљак
д-р Звонко Кремљак
ONE Telecom Slovenia Group

Звонко Кремљак има богато и разновидно работно искуство, а денес е член на Надзорниот одбор на операторот ONE, Telecom Slovenia Group и оперативен директор.

д-р Кремљак е автор и ко-автор на повеќе стручни научно-истражувачки трудови, објавувани во реномирани стручни списанија и зборници, меѓу кои: DAAAM International Scientific Book, Strojni ki vestnik - Јournal of Mechanical Engineering, Procedia Engineering (24th DAAAM International Symposium on Intelligent Manufacturing and Automation, 2013), International Journal of Services Operations and Informatics, итн. Меѓу позначајните трудови се: „Risk Management Methods – Project risk”: DAAM International Scientific Book 2011, pp. 119-132; „Types of Risk in a System Engineering Environment and Software Tools for Risk Analysis”: Procedia Engineering, Volume 69, 2014, pp. 177–183; “Decision making under risk”: DAAAM Publishing series: Management Science, DAAAM International, Vienna, 2004., итн.

Неговиот докторски труд е цитиран во повеќе од 400 правни трудови во светот.

ONE Telecom Slovenia Group
Звонко Кремљак има богато и разновидно работно искуство, а денес е член на Надзорниот одбор...
Maрко Лорефичи
Maрко Лорефичи
Edison Spa

Maрко Лорефичи работи како постар адвокат во една од најстарите енергетски компании во Европа – италијанската Edison Spa и има речиси 25-годишно искуство во управувањето со комплексни правни прашања на големи претпријатија, покривајќи повеќе правни области: од комерцијални советувања до судски спорови. Неговото искуство, главно, е врзано со: водење преговори за меѓународни комплексни проекти, советување на комерцијални одделенија и изготвување модели на договори, управување со тимови во сложени меѓународни постапки, корпоративно управување, лобирање во институционални и регулаторни тела, итн. Оттука, во неговата потесна стручност се вбројуваат сите правни аспекти од индустријата за нафта и гас, креирање на договори, правно преговарање, меѓународна арбитража, градежни проекти, финансирање на проекти, меѓународно трговско право и корпоративно управување.

Марко Лорефичи учествувал и говорел на повеќе меѓународни конференции.

Марко, како дел од правниот тим на Edison Spa, е добитник на значајните награди „The best European Litigation in house team” и „The best Global Litigation in house team“ за 2013 година, кои што ги доделува International Law Office и Association of Corporate Counsel.

Марко зборува италијански, англиски, француски и германски јазик.

Edison Spa
Maрко Лорефичи работи како постар адвокат во една од најстарите енергетски компании во Европа –...
Ирина Тричковска
Ирина Тричковска
White & Case LLP, office in Brussels

Ирина Тричковска има практично искуство во советување на клиенти за прашања поврзани со регулативата на Европската унија за конкуренција и државна помош, како и за регулаторното правно на Европската унија. Советувала голем број компании од различни индустрии, почнувајќи од енергетика, авијација, игри на среќа, финансиски и поштенски услуги, за различни правни прашања поврзани со нивните бизнис активности во рамките на Европската унија.
Нејзина потесна стручност е советувањето за државна помош, при што се фокусира на давањето совети на јавните и корпоративните клиенти за најразлични аспекти на европските правила за државна помош, кои што честопати се поврзани со прашања за реструктуирања и приватизација. Во текот на неодамнешната финансиска криза, Ирина била вклучена во голем број случаи на банкарски реструктуирања.
Покрај тоа, Ирина има искуство и во советување на поединци и компании за прашања од областа на човековите права според Европската конвенција за човекови права и основни слободи.
Пред вработувањето во Whitе & Case, Ирина работела во Министерството за финансии на Р. Македонија, работејќи на финансирање на проекти и усогласувањето на домашното законодавство со законодавството на Европската Унија. Таа има искуство и во преговарање и соработка со меѓународните финансиски институции: Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Европска инвестициона банка, итн.
Работела и како дел од Европската комисија, поточно од Генералниот директорат за конкуренција, каде што работела на случаите за државна помош кои што вклучувале различни финансиски институции погодени од кризата.
Ирина е член на Бриселска адвокатска комора и на Скопската адвокатска комора. Добитничка е на наградата „White & Case Pro Bono Award, 2012“ и на стипендијата „HSP Huygens Scholarship, Dutch Ministry of Education, 2007“.
Зборува англиски, руски, бугарски, српски, хрватски и босански.

White & Case LLP, office in Brussels
Ирина Тричковска има практично искуство во советување на клиенти за прашања поврзани со регулативата на...
Дастид Паласка
Дастид Паласка
Pallaska & Associates

Дастид е управувачки партнер во косовското Адвокатско друштво Паласка и Адвокати, чија што потесна специјалност е поврзана со банкарство и финансии, спојувања и превземања и финансирање на проекти. Со правно образование се стекнал на престижниот американски универзитет Yale, поточно на „Yale Law School“
Во периодот од 2008 година до 2009 година, Дастид работел како виш советник во меѓународна адвокатска фирма, во канцеларија во Виена од каде што ја надгледувал работата на правната група за разрешување на спорови во Јужна и Источна Европа како офицер за квалитет на адвокатската фирма во споменатите делови од Европа. Бил одговорен и за работењето со странски и мулти-национални клиенти кои што припаѓаат на голем број индустрии, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на банкарството и финансиите, осигурувањето, енергијата и одбраната.
Дастид Паласка има 7-годишно работно искуство како правен експерт во Американскиот оддел за правда во Приштина, каде што управувал со програми во вредност од 4.5 американски долари наменети за помош во развојот и реформирањето на косовскиот правен систем. Покрај тоа, бил ангажиран и како член на експертската работна група при Мисијата на Обединетите нации во Косово, која што го изработила коментарот на косовската кривична постапка, кој што послужил како инструмент во формирањето на првата косовска Правна клиника на Универзитетот во Приштина. Бил иницијатор за формирање на косовско Здружение на јавни обвинители.
За гореспоменатите достигнувања, Дастид Паласка е награден со повеќе од шест награди од страна на американскиот Стејт департмент, меѓу кои и престижната „Superior Honor Award“.
Во периодот од 2009 година до 2011 година, Дастид работел како главен надворешен експерт во процесот на воспоставување и консолидирање на Уставниот суд на Република Косово, за што е специјално награден од Уставниот суд. Во 2011 година од претседателот на Република Косово е назначен за независен експерт при Комисијата за уставни амандмани при Собранието на Косово.
Член е, а бил и дел од раководството на Американската стопанска комора во Косово и на Центарот за алтернативни решавања на спорови.

Pallaska & Associates
Дастид е управувачки партнер во косовското Адвокатско друштво Паласка и Адвокати, чија што потесна специјалност...
Тома Фила
Тома Фила
Адвокатска канцеларија Toma Fila

Средното образование и правните студии ги завршил во Белград. Дипломирал во 1963 година, а во 1967 година станал најмлад адвокат во Југославија. Бил секретар на Адвокатската комора, член на Советот на Правниот факултет во Белград, а седумнаесет години бил член на уредувачкиот колегиум на многу стручни списанија, а од јануари 2009 година работел и како советник на тогашниот претседател на Владата на Република Србија – Ивица Дачиќ.

Во јавноста станал познат како адвокат на луѓе обвинети за најтешки кривични дела, меѓу кои се и голем број луѓе обвинети за дела за кои следувала најстрога казна; бранел десет такви клиенти, а извршена е само една пресуда. Исто така, бил правен застапник и на многу политичари и други јавни личности од просторите на поранешна Југославија, меѓу кои: Јованка Броз, Слободан Милошевиќ, Жарко Лаушевиќ, еден период го застапувал и Горан Хаџиќ, итн.

Тома Фила е првиот адвокат од Србија ангажиран од Хашкиот трибунал, непосредно по своето основање, што не го спречило да го критикува работето на Хашкиот трибунал.

Адвокатска канцеларија Toma Fila
Средното образование и правните студии ги завршил во Белград. Дипломирал во 1963 година, а во...
Matthew Whalley
Matthew Whalley
BLP Лондон

Почнал да работи во реномираната адвокатска фирма Berwin Leighton Paisner во 2011 година, а претходно бил одговорен за глобалниот ризик, известување и управување со проекти во глобална финансиска институција. Во Berwin Leighton Paisner е задолжен за правните ризици и групата за трансформација, помагајќи им на клиентите да ги идентификуваат и ублажат правните ризици, а известува и за вредностите пред нивните одбори и ги имплементира стратешките програми за транформација.

Во Berwin Leighton Paisner работи како раководител за консалтинг за правни ризици.

Метју е автор на повеќе стручни трудови, посветени на различните аспекти од управувањето со правните ризици, а е уредник и на публикацијата на Berwin Leighton Paisner: „Legal Risk Benchmarking Survey: Results and analysis“.

BLP Лондон
Почнал да работи во реномираната адвокатска фирма Berwin Leighton Paisner во 2011 година, а претходно...
Магнус Стин
Магнус Стин
Генерален менаџер на Contract Business Intelligence Nordic AB

Магнус е адвокат кој што има екстензивно меѓународно правно и бизнис искуство, а денес како генерален менаџер на компанија Contract Business Intelligence Nordic AB е фокусиран на градење на рационални и квалитетни решенија на договори за корпоративни клиенти.

Во богатата професионална биографија се издвојува неговото 8-годишно искуство како директор на правната служба во Sony Ericson каде што го менаџирал правното работење и сите правни аспекти на планирањето и развојот на продуктите – од изворите за производство, развој на производи, компоненти, услуги до лиценцирање. Бил лидер во покренувањето на неколку иницијативи за менаџмент на договори и управување со правни ризици, а придонел и во процесот на изготвување на стратегијата за аутсорсирање. Покрај тоа, Магнус бил дел од неколку менаџерски тимови и програми за корпоративни трансформации.

Во неговата професионална биографија забележително е и неговото 5-годишно адвокатско искуство кое што го стекнал работејќи во врвни адвокатски фирми, како: Vinge, Mannheimer Swartling и Lindahl), како и двегодишното раководење со секторот Portfolio Management во Sony Mobile.

Магнус покрај шведскиот, зборува и англиски и германски јазик.

Генерален менаџер на Contract Business Intelligence Nordic AB
Магнус е адвокат кој што има екстензивно меѓународно правно и бизнис искуство, а денес како...
Ванеса Аларкон Дуванел
Ванеса Аларкон Дуванел
Winston & Strawn

Своето правно образование го стекнала на New York University School of Law, a титулата J.D. magna cum laude equivalent ја стекнала на University of Neuchâtel во 2001 година.
Денес, Ванеса e адвокат во канцеларијата на Winston & Strawn во Женева, каде што работи во полето на меѓународни арбитражи, парнични спорови, деловно швајцарско и работно право. Покрај тоа, Ванеса работи како советник на големи компании и суверени држави за различни ад-хок институционални меѓународни арбитражни постапки, за спорови кои што произлегуваат од заеднички вложувања, продажба на акции и превземања, градежни проекти, дистрибуција на стоки и добра, IP лиценци и дистрибутивни договори произлезени од разни процедурални и суштински закони, вкучувајќи ги швајцарските, француските, англиските, јорданските, македонските, руските, девствено-островските закони и државните закони на Њујорк. Покрај тоа, Ванеса застапува клиенти пред швајцарските и судовите на Соединетите Американски Држави.
Таа редовно врши советувања за клиенти за најразлични прашања од областа на швајцарското трговско право, вклучувајќи и совети за: продажба, лиценцирање, дистрибуција, услуги, вработување, регулаторно усогласување, итн.
Нејзините клиенти се активни во различни дејности, вклучувајќи: банкарството, финансии, фармација, исхрана, производи за широка потрошувачка, авиони, рударство и тргување со основни продукти, нови технологии, наука, маркетинг и телекомуникации.
Член е на повеќе професионални здруженија, меѓу кои: Swiss Arbitration Association, ASA Below 40, ICC Young Arbitrators Forum (ICC-YAF), LCIA Young International Arbitration Group (YIAG), International Centre for Dispute Resolution Young & International (ICDR Y&I), CPR Y – ADR, ArbitralWomen, New York State Bar Association (NYSBA), Committee on Dispute Resolution of the NYSBA. Покрај тоа, Ванеса советува непрофитни организации во Женева pro-bono.
Автор е на неколку трудови, меѓу кои: „Swiss banks under fire for cross-border transfers of personnel information“, „Use of Spyware on employees’ computers found violation of Swiss law“, „Review of the Recent Case Law of the Swiss Supreme Court in International Arbitration, in New Developments in International Arbitration“ и „Corruption at the SECO – Swiss Federal Data Protection Commissioner insists on transparency“.

Winston & Strawn
Своето правно образование го стекнала на New York University School of Law, a титулата J.D....
Селија Р. Бернал
Селија Р. Бернал
Адвокат

Завршила политички студии на California State University, по што се стекнала со титулата Juris Doctor на Monterey College of Law.

Нејзиното практично правно искуство изнесува 23 години, и е поврзано со искуство во сите фази на најразлични судски постапки (федерални и државни) во улога на адвокат. Има значително искуство во областа на професионална одговорност на адвокатот, вклучувајќи конфликти и етика.

Советува клиенти од различни индустрии за различни правни прашања, проблеми и области.

Во нејзината потесна стручност спаѓаат: административно право, советување, парнична постапка, лична повреда, однос со клиенти, изработка на правни акти, итн.

Член е на State Bar of California.

Адвокат
Завршила политички студии на California State University, по што се стекнала со титулата Juris Doctor...
Patrick Vézina
Patrick Vézina
Државен секретар и Директор на Секторот за управување со правни ризици во Министерството за правда на Канада

Patrick Vézina е државен секретар и директор на Секторот за управување со правни ризици во Министерството за правда на Канада.

Patrick Vézina е познат стручњак за управување, мониторирање и предвидување на правните ризици во државните институции. Работел на подготовка и примена на канадската национална стратегија за управување со правните ризици, која што е целосно имплементирана по долгогодишни подготовки дури во 2013 година.

Како раководител на Секторот за управување со правни ризици одговорен е за развој и координација на националните политики и алатки кои го поддржуваат интегрираното и ефикасно идентификување, оценување, комуницирање, спречување, ублажување и управување со правните ризици во канадската влада, односно во канадските државни институции.

Покрај долгогодишното искуство во Министерството за правда на Канада и во Секторот за управување со правни ризици, Patrick Vézina има богато искуство и со граѓанските парнични постапки и даночното право.

Државен секретар и Директор на Секторот за управување со правни ризици во Министерството за правда на Канада
Patrick Vézina е државен секретар и директор на Секторот за управување со правни ризици во...
Tobias Mahler, PhD.
Tobias Mahler, PhD.
Докторот по правни науки, вонреден професор на Правен факултет

obias Mahler e докторот по правни науки, вонреден професор на Правниот факултет во Осло, King’s College во Лондон и Queen Mary College, Универзитетот во Стокхолм и визитинг професор на Stanford Law School.

Професорот Mahler студирал и завршил меѓународни правни студии во Германија, има германска адвокатска лиценца, магистрирал на Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover следејќи ја програмата European Legal Informatics Study.

Работел како корпоративен советник во норвешкиот гигант во автомобилската индустрија Kongsberg Automotive Holding ASA, а по одбрана на докторската дисертација во 2010 година, на тема: „Развој и евалуација на елементите на методото за проактивна правна анализа со посебен фокус на договорите“, станува професор на Правниот факултет во Осло, каде што работи и ден-денес.

Професорот Маhler има објавено повеќе самостојни и коавторски научни трудови во стручни списанија и повеќе поглавја во стручни книги, меѓу кои: „A gTLD right? Conceptual challenges in the expanding internet domain namespacе“ објавено во International Journal of Law and Information Technology; „The State of the Art of Contractual Risk Management Methodologies“ објавено во Proactive/Preventive Law and Proactive Contracting: Theory and Practice; „ Contractual risk management in an ICT context searching for a possible interface between legal methods and risk analysis“ објавено во Scandinavian Studies in Law и многу други.

Професорот Тobias Mahler е еден од најистакнатите стручњаци во Европа за договорни ризици и нивна визуелизација во електронски апликации.

Докторот по правни науки, вонреден професор на Правен факултет
obias Mahler e докторот по правни науки, вонреден професор на Правниот факултет во Осло, King’s...