Conference | Предавачи 2013
Тим Џоунс
Тим Џоунс
Фрешфилдс

Специјалност на Тим се големи проекти и често проекти кои привлекуваат внимание кај јавноста.
Тој има повеќе од 30 години искуство во големи реорганизации во различни економски гранки, почнувајќи од нуклеарна енергија и телекомуникации до поштенски услуги и млечна индустрија. Исто така, дава совети на клиенти во правни области полни со предизвици, како што се интернет игрите.
Заради широчината на неговото искуство и способноста да работи под притисок го заслужи местото на водечки партнер одговорен за улогата што фирмата ја имаше како официјален давател на правни услуги за Олимписките игри и Параолимписките игри во Лондон 2012.
Тој ги координира сите аспекти на ангажманот на Фрешфилдс, спојувајќи ја експертизата на сите групи во фирмата што се занимаваат со одделни области за да дадат низа разновидни услуги.
Тим има богато меѓународно искуство. Поминал шест години во канцеларијата на фирмата во Мадрид каде од прва рака ја искусил интернационализацијата на шпанскиот бизнис. Работел на неколку атрактивни прекугранични зделки за спојување и преземање и зделки на пазарот на акционерски капитал во време кога бизнисот во Шпанија развиваше меѓународни амбиции.
Тој е, исто така, партнер за Грција, со која има искуство од повеќе од 20 години. Клиентите ќе имаат корист од неговото познавање на овој пазар и блиските работни односи со водечките грчки адвокатски фирми.

Тим, исто така, има разни менаџерски и водечки улоги во фирмата, вклучувајќи ја позицијата на менаџмент партнер за Лондон и еден од раководителите на групата за пазарите на капитал. Заради ова се стекна со добро разбирање на управувачките предизвици на бизнисот, нешто што многу клиенти го ценат.
Тој е претседавач на Лондонската надзорна група за бизнис акцијата за бездомништво, а во 2010 година беше именуван за амбасадор во Лондон на неговото кралско височество Принцот од Велс во Лондон.
Последни/атрактивни зделки
Давање совети на Quinenco во врска со неговото превземање на преработувачкиот бизнис на Шел во Чиле. Давање совети на Органот за управување со акциите во однос на Кралската пошта. Давање совети на два големи меѓународни бизниси за нивните инвестиции во Индија.
Кариера
Тим и се придружи на фирмата веднаш по завршувањето на факултетот во 1981 година. Стана партнер во 1990 година.
Квалификации и образование
Магистер и дипломиран правник по граѓанско право од Вадхам Колеџот, Универзитет на Оксфорд.

Фрешфилдс
Специјалност на Тим се големи проекти и често проекти кои привлекуваат внимание кај јавноста. Тој...
Анто Нобило
Анто Нобило
Nobilo Attorneys
Nobilo Attorneys
Том Хоусман
Том Хоусман
TEAM AG

Со повеќе од 14 годишно искуство во спортскиот бизнис, работев со или за многу меѓународни спорски федерации, како и со водечки агенции за спортски права, брендови и радиодифузни претпријатија. Откако бев прогласен за еден од “100-те најдобри” адвокати во Велика Британија од страна на списанието Адвокат, моето патување низ светот на комерцијалните спортови ме натера да се зафатам со низа улоги кои не се поврзани со право, од продажба на комерцијални права до бизнис развој, од претприемништво до менаџмент. Работејќи во Азија и Европа, имав доволно среќа, исто така, да работам на некои од најистакнатите настани (вклучувајќи ги ФИФА Светскиот куп, УЕФА Европското првенство, УЕФА Лигата на шампиони и Дијамантската лига на ИААФ), како и да ги надгледувам првите неодлучни пробиви во комерцијалниот свет на некои од спортските необработени дијаманти (вклучувајќи го ИСТАФ Сепактакрав Светскиот куп).

TEAM AG
Со повеќе од 14 годишно искуство во спортскиот бизнис, работев со или за многу меѓународни...
Драгољуб Ѓорѓевиќ
Драгољуб Ѓорѓевиќ
Адвокат

Драгољуб Ѓорѓевиќ е трета генерација адвокати во фамилијата Ѓорѓевиќ. Адвокатската канцеларија ја основал неговиот дедо во 1927 година. Денес, г-дин Драгољуб Ѓорѓевиќ е член – основач на адвокатското партнерско друштво “Ѓорѓевиќ, Поповиќ, Пантелиќ”, во коe се вработени 10 адвокати, 12 адвокатски приправници и 2 секретари.
Адвокатското партнерско друштво “Ѓорѓевиќ, Поповиќ, Пантелиќ” работи во сите области на правото и застапува во познати предмети пред судовите во Србија, на територијата на поранешна СФРЈ и пред меѓународните судови. Адвокатот Драгољуб Ѓорѓевиќ главно се занимава со кривично право.
Г-дин Ѓорѓевиќ е запишан во Адвокатската комора на Белград во 1983 година. Од 1994 година до денес (со прекини), е запишан во Именикот на адвокати на Адвокатската комора која е формирана при Меѓународниот кривичен суд за поранешна СФРЈ и застапуваше и застапува во својство на бранител во постапките кои се водени пред овој суд. Се специјализирал за арбитражно право и застапувал во бројни предмети пред арбитражни судови во светот.
Драгољуб Ѓорѓевиќ е постојан едукатор за постапување пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Предавач е во повеќе програми за едукација за постапување пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кои се реализираат на територијата на ЕУ.
Меѓу позначајните кривични предмети водени пред српските судови во последниве десет години во кои г-дин Ѓорѓевиќ застапувал е предметот на Дафина Милановиќ, сопственик на најголемата приватна банка за време на режимот на Слободан Милошевиќ и сведок во постапката што се водеше пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна СФРЈ; предметот на Јездимир Васиљевиќ, бизнисмен и сопственик на компанијата и банката “Југоскандик”; предметите “Ибарска магистрала”, “Убиството на Премиерот”, “Стамболиќ”, “Зворник - Жолти оси”, “Друмска мафија”, “Земунски клан”, “Мафија во осигурувањето”…
Г-дин Ѓорѓевиќ е автор на повеќе стручни и научни дела во областа на кривичната одговорност за воени злосторства и организиран криминал, кои се објавени во списанија на професионалните здруженија на адвокати.
Други активности
Тој е член на повеќе комисии и работни групи на Адвокатската комора на Белград и Адвокатската комора на Србија. Член е на Управниот одбор на Адвокатската комора на Белград; претседател е на Адвокатската комора на Србија. Бил член на работни групи на Министерството за правда на Република Србија за изработка на: Законот за јавните обвинители, Законот за Советот на државни обвинители, Законот за бесплатна правна помош, Законот за адвокатура, Граѓанскиот законик, Националната стратегија за реформа на правосудството за периодот 2013-2018, како и член на Комисијата за спроведување на Националната стратегија за реформа на правосудството за периодот 2013-2018.
Г-гин Ѓорѓевиќ ги водел активностите за прием на Адвокатската комора на Србија во Советот на адвокатски комори на Европа (CCBE) со статус на член набљудувач и денес ги извршува должностите на претставник на Адвокатската комора на Србија во овој Совет.
Образование
Универзитетското образование го стекнал на Правниот факултет во Белград, Србија, а постдипломските студии ги продолжил на Академијата за европско право во Трир, Германија и Правосудниот центар во Белград, Србија.

Адвокат
Драгољуб Ѓорѓевиќ е трета генерација адвокати во фамилијата Ѓорѓевиќ. Адвокатската канцеларија ја основал неговиот дедо...
Илијанчо Гаговски
Илијанчо Гаговски
Претприемач

Клучен мотиватор во неговата професионална кариера е предизвикот да се предвидува, поставува, води и развива првата директна инвестиција на голема IT компанија во Македонија – Microsoft Македонија.
Од мај 2002 до јули 2004 година работел како менаџер за развој на бизнисот во Microsoft Македонија, создавајќи важни пазарни предуслови кои довеле до тоа, Microsoft да донесе одлука за отварање на своја подружница во Македонија во јули 2004 година, кога воедно бил назначен за генерален менаџер на истата.
Во 2008 работел на креирање и поставување на Microsoft во Албанија, со што регионално ја проширил својата ангажираност во ИТ индустријата.
Во 2000 година бил на позиција менаџер за маркетинг и продажба во локална ИТ компанија, дистрибутер на Microsoft и неколку други познати ИТ брендови.

Претприемач
Клучен мотиватор во неговата професионална кариера е предизвикот да се предвидува, поставува, води и развива...
Оја Дениз Каваме
Оја Дениз Каваме
Адвокатско друштво Аксан

Оја Дениз Каваме дипломирала на Билги Универзитетот во Истамбул во 2006 година. Член е на Адвокатското здружение на Инстамбул.

Дополнителното образование за алтернативно решавање на спорови, право на докази и управување со адвокатски канцелариии, г-ѓа Каваме го стекнала на Правниот колеџ на Јужен Тексас во 2007 година, во државата Тексас, САД. На Адвокатското друштво Аксан му се придружи како приправник во 2007 година. Г-ѓа Каваме работеше во различни сектори на Адвокатското друштво Аксан, а во моментов раководи со Секторот за меѓународно корпоративно право. Таа има специјализирано во корпоративно право, меѓународно право, право за недвижнини, алтернативно решавање на спорови и приватизација.

Г-ѓа Каваме работи во областите на нелојална конкуренција и приватизација и се фокусира на давање правни услуги на странски инвеститори од Америка, Европа и Средниот Исток во однос на основање на компании, толкување на договори и работи поврзани со трговското право. Меѓу поголемите случаи на кои таа има работено се вбројуваат: подготовка на елаборати за утврдување на правниот статус пред процесот на приватизација на вкуно 48 термо и хидроелектрични централи како дел од Elektrik Üretim A.Ş., како претставник на Службата за приватизација во Канцелариијата на Премиерот на Република Турција; спроведување на процеси на спојување и преземање на компании за странски инвеститори, како што се Friem SpA, Microelettrica SpA, Groupe Lemoine и Toshiba Medical Systems Corporation; застапување на X Trade Brokers Menkul Değerler A.Ş. и ATIG Yatırım Menkul Değerler Anonim Şirketi, кои се најважните компании што работат на пазарот на капитал; застапување во различни правни работи на Çukurova Group, која е една од најголемите трговски компании во Турција, составена од 78 акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност; итн.

Адвокатско друштво Аксан
Оја Дениз Каваме дипломирала на Билги Универзитетот во Истамбул во 2006 година. Член е на...
Блеин Бортник
Блеин Бортник
Лидл & Робинсон

Блеин Х. Бортник е партнер во Лидл & Робинсон од 1998 година. Застапува поединци и компании во голем број разновидни спорови поврзани со работни односи и комплексни трговски парници пред федералните и државните судови, како и пред арбитражните трибунали низ цела Америка. Како ветеран за работно право во Њујорк, г-дин Бортник застапувал многу менаџери на хеџ фондови и високо позиционирани директори од областа на пазарот на хартии од вредност во врска со работни односи. Неговата експертиза и богато познавање на комплексните детали на компензационите пакети специфични за ова поле, му овозможија да води успешни преговори во врска со погодни договори и пакети за прекинување на вработувањето, како и да добива парници во полза на неговите клиенти. Во еден случај кој се смета за референтен во Калифорнија, тој доби надомест од повеќе од 4,5 милиони долари во корист на трговец на пазарот на хартии од вредност заради повреда на договорот и незаконско прекинување на истиот. Г-дин Бортник, исто така, работи на различни работи во врска со работните односи и надвор од пазарот на хартии од вредност. На пример, тој доби пресуда од над 1,5 милиони долари во парница за полова дискриминација против авиопревозник. Неговиот успех во водењето парници во овие и други предмети во врска со работните односи му овозможи да договори погодни исплати за многу клиенти.

Г-дин Бортник, исто така, има активна и разновидна пракса во областа на трговските парници. Застапувал јавни и приватни компании од различни економски гранки, вклучувајќи го пазарот на хартии од вредност, банкарството, нафтената и гасната индустрија. Застапувањата во овие предмети се толку разновидни, што се движат од спорови во врска со договори, до предмети за измама поврзани со меѓународни банки и хартии од вредност. Меѓу неговите значајни успеси на ова поле се вбројува и тужбата во име на една од најголемите приватни компании за големопродажба на нафта во Соединетите Американски Држави против странски добавувач, која резултираше во надомест од 4,7 милиони долари за неговиот клиент. Г-дин Бортник беше, исто така, дел од меѓународниот тим адвокати кои добија пресуда од 79 милиони долари во корист на една странска банка против нејзиниот поранешен претседател и извршен директор. Спорот се водеше во Доминиканска Република, на Флорида, во Колорадо и во Њујорк. Г-дин Бортник беше одговорен за сите аспекти на предметите во Њујорк. Тој успешно ја заврши оваа работа, наплатувајќи над 10 милиони долари од средствата на тужениот пред да се донесе пресуда. Беше дел и од тимот кој ја водеше парницата во која успешно беше одбранета Банката на Мериленд против мултимилионското барање за надомест за услугите во врска со продажбата и 20-годишниот повратен лизинг на Боинг 747. Г-дин Бортник, во моментов, е еден од адвокатите во водечкиот тим на адвокати за парницата во врска со мултибилионска анти-трустова групна тужба. Хонорарен професор е по право на Школата за право Бенџамин Н. Кардозо (Benjamin N. Cardozo School of Law), кадешто предава процедурално право на Њујорк, експертизата на г-дин Бортник често ја бараат и од адвокати надвор од државата. Постигнувањата на г-дин Бортник доведоа до тоа да биде рангиран со „АВ“ од страна на Мартиндејл-Хабел ("AV" rating from Martindale–Hubbell), што претставува највисоко рангирање за правна компетенција и етички стандарди. Тој, исто така, беше избран за еден од топ адвокатите во Њујорк од страна на „Супер адвокати“ за 2007, 2009-2012.
Други активности
Хонорарен професор по право, Школа за право Бенџамин Н. Кардозо, 2002 - до денес, Асоцијација на адвокати на државата Њујорк, Комитет за граѓанско право, 2007 – до денес.

Лидл & Робинсон
Блеин Х. Бортник е партнер во Лидл & Робинсон од 1998 година. Застапува поединци и...
Георги Димитров
Георги Димитров
Георги Димитров Адвокати

Георги Димитров е запишан во Адвокатската комора на Република Македонија во 1996 година. Тој е овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост. Во 1997 година ја основа Георги Димитров Адвокати која, во моментов, е една од водечките адвокатски канцеларии на локалниот и регионалниот пазар со обемна листа на интернационални клиенти кои моментално имаат портфолио на инвестиции на пазарот во Република Македонија од над една милијарда евра.

Георги има богато искуство во областа на корпоративното и комерцијалното право на македонскиот и регионалниот пазар. Неговата работа вклучува услуги од областа на даночното право, работното законодавство, банкарството и финансиите. Покрај тоа, има искуство во комплексни правни спорови поврзани со корпоративно управување. Член е на Извршниот одбор на Здружението на правници на Македонија, член е на Адвокатската комора на Македонија, British Business Group, Ротари клуб Скопје – Центар.

Во 2007 година објавил труд за недвижности во Македонија. Учествувал во изработка на Законот за водни заедници во 2000 година и Законот за водни организации во 2001 година. Има објавено труд за Изјавата за безбедност во согласност со Законот за работни односи во списанието Деловно право. Бил главен адвокат во клиничката програма за граѓанско право на Правниот факултет Јустинијан I – Скопје.

Георги Димитров Адвокати
Георги Димитров е запишан во Адвокатската комора на Република Македонија во 1996 година. Тој е...
Марија Бојовиќ
Марија Бојовиќ
Бојовиќ & Партнери а.о.д. Белград

Г-ѓа Марија Бојовиќ е управувачки партнер во Бојовиќ&Партнери а.о.д. Белград. Правната кариера ја започнала како виш соработник во Прица&Спасиќ во 2000 година, но веќе во 2003 година станува партнер во Бојовиќ&Дашиќ, коресподентска правна фирма на ПрајсвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers). Во 2008 година станува партнер во адвокатската канцеларија Дашиќ Којовиќ, а во 2013 ја основа Бојовиќ & Партнери а.о.д. Белград.
Својата правна експертиза Марија Бојовиќ ја развива во областите на корпоративно и трговско право во Србоја и Црна Гора. Таа особено се фокусира на банкарство и финансии, разрешување на спорови, спојувања и преземања на компании, даноци, интелектуална сопственост, недвижности и здравствена заштита и фармација. Таа има работено за клиенти како што се: ЕФГ Банка (EFG Bank), во однос на преземање на Национална Штедионица и потоа спојување со ЕФГ Банката, преземање на Проспера Секјуритис (Prospera Securities) и ЕФГ Проперти (EFG Property), во однос на купување недвижности и подготовка на договори за закуп; Електравиндс (Electrawinds), за кои таа обезбеди помош во преземањето на српска компанија за производство на енергија од животински отпад; HBO и Fox TV, кои ги советуваше во врска со пренесување на лични податоци во странство; Нестле груп (Nestle Group), во однос на преземање на српскиот производител на храна и пијалоци Центропроизвод; Чајтон капитал (Chayton Capital); Ист капитал (East Capital); Опортјунити штедилница (Opportunity Stedionica); Винер Штадтиче (Wiener Stadtiche); УК банка (UK Bank); ДМ Дрогерија Маркт д.о.о. (DM Drogerie Markt d.o.o.); КБЦ (KBC); Хипо Алпе Адриа Интернејшнал АГ (Hypo Alpe Adria International AG); Адидас (Addias); итн.
Чемберс & Партнерс (Chambers & Partners) ја признаваат г-ѓа Бојовиќ како водечки адвокат во областа на корпоративното и трговското право во Србија.
Образование
Дипломиран правник на Правниот факултет, Универзитет во Белград, и магистер по меѓународно бизнис право на Централно Европскиот Универзитет.
Други активности и членство во професионални здруженија
Здружение на адвокати на Белград, Србија
Директор на Британско-српската стопанска комора
Номинирана за европски правен експерт за корпоративно и трговско право од Legal Business Report
Номинирана за 500-те најдобри правни фирми во Европа
Грант на ЦЕУ за истражување при Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право (UNCITRAL), Виена, Австрија

Бојовиќ & Партнери а.о.д. Белград
Г-ѓа Марија Бојовиќ е управувачки партнер во Бојовиќ&Партнери а.о.д. Белград. Правната кариера ја започнала како...
Neven Vrankovic
Neven Vrankovic
Atlantic group

Neven Vrankovic joined the Atlantic Group in 1998 at the position of executive director for corporate affairs. Since 2001, he has been responsible for the Atlantic Group activities regarding mergers and acquisitions, and in 2002 he was appointed vice-president for corporate affairs. He acquired his work experience in the legal department of the Bergen Bank in Norway, but also as a diplomat, carrying out diplomatic activities in the Croatian embassies in Washington and Belgrade. He was a member of the working group preparing the accession negotiations of the Republic of Croatia in the European Union for the Chapter 6 –Company Law. He graduated from the Faculty of Law in Zagreb and received his MA from the Washington College of Law. He gained additional knowledge in the field of mergers and acquisitions at the INSEAD Business School in France.

Atlantic group
Neven Vrankovic joined the Atlantic Group in 1998 at the position of executive director for...
Јан Трзасковски
Јан Трзасковски
Вонреден професор, доктор на науки на Катедрата за право во Бизнис школата Копенхаген

Јан Трзасковски е вонреден професор, доктор на науки на Катедрата за право во Биснис школата Копенхаген. Се занимавал со правните аспекти на новите технологии уште од средината на 90-тите и во моментов работи на електронско рекламирање и трговија и меѓународниот аспект на новите технологии.
Бил вклучен во бројни приватни и јавни иницијативи во врска со правните аспекти на новите технологии, вклучувајќи информатичка технологија и електронска трговија. Уредник на водечката данска расправа за интернет право (»Internetretten«), автор на бројни статии и извештаи за рекламирање, електронска трговија и интернет право. Сооснивач на Креатив Комонс Данска (Creative Commons Denmark). Претходно бил вработен како раководител на данската делегација за преговори за Директивата за Е-трговија (Директива 2000/31) и ОЕЦД Насоките за заштита на потрошувачите во контекст на електронската трговија (1999).
Јан Трзасковски е популарен и способен предавач и активен автор, како на научни, така и на популарни дела.Тој предава на дански и странски универзитети од 1996 година. Надворешните ангажмани (предавања и правна работа) главно ги врши преку Јурапартнер (Jurapartner (Ex TutoApS).
Од 1986 до 1988 година, Јан Трзасковски, за време на студиите, работеше како фриленсер пишувајќи компјутерски програми (Commodore 64/128 Assembler & BASIC) и статии за едно данско списание за компјутери (IC RUN). Интересирањето за програмирање избледе, но неговата фасцинација со новите технологиии се уште е движечка сила во неговата истражувачка и практична правна работа.
Области на интерес: Правни аспекти на новите технологии; маркетинг право (нелојална конкуренција) и приватност; меѓународно право и конфликти меѓу законодавствата; управување со правни ризици; бесплатно и алтернативи на авторското право.

Вонреден професор, доктор на науки на Катедрата за право во Бизнис школата Копенхаген
Јан Трзасковски е вонреден професор, доктор на науки на Катедрата за право во Биснис школата...
Борис Шавориќ
Борис Шавориќ
Адвокат, управувачки партнер Адвокатско друштво Шавориќ & Партнери

Борис Шавориќ советува меѓународни клиенти во врска со големи корпоративни трансакции и трансакции поврзани со финансирање на проекти и им помага на странските инвеститори во комплексни спојувања и преземања на компании во Хрватска. Праксата на Борис Шавориќ е фокусирана на корпоративно и трговско право, прекугранични трансакции и финансирање на проекти. Борис Шавориќ беше водач на тимот во повеќето стратешки и инфраструктурни проекти и спојувања и преземања во Хрватска, приватизации и јавни тендери, даваше совети на многу меѓународни клиенти, мултинационални компании и финансиски институции и водеше многу банкарски проекти на меѓународни корпорации и финансиски институции. Борис Шавориќ има издадено неколку статии во хрватски правни списанија. Борис доби Признание од Светската банка за неговата работа и допринос во Инвестирање преку граници 2010.
Образование
2010 магистратура по право
1996 правосуден испит
1994 диплома за завршено високо образоние на Правниот факултет во Загреб
1992 Акдемија за меѓународно право во Хаг
Вработувања
2004 Партнер, адвокатско друштво Шавориќ&Партнери
2001 Партнер, адвокатска канцеларија Шавориќ
1997 Адвокат кај Богдановиќ &Долички
1995 Адвокатска канцеларија Ивица Црниќ
1994 Приправник кај Поробија&Поробија
Главни области на пракса
Спојување и преземање, пазар на капитал, банкарство, корпоративно и трговско право, финансирање на проекти.

Адвокат, управувачки партнер Адвокатско друштво Шавориќ & Партнери
Борис Шавориќ советува меѓународни клиенти во врска со големи корпоративни трансакции и трансакции поврзани со...
Билјана Бришкоска - Бошковски
Билјана Бришкоска - Бошковски
Заменик министер за правда на Македонија
Заменик министер за правда на Македонија