Conference | За конференцијата 2015
Трета правна меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“
27-28.10.2015, Хотел Александар Палас, Скопје

 


Instagram

Еден сегмент од конференцијата дизајниравме специјално за адвокатите и адвокатските друштва кои ќе имаат можност да го слушнат највлијателниот бугарски адвокат за деловно право, Борислав Бојанов, кој ќе говори за транспарентните тајни на адвокатскиот бизнис и за предусловите за креирање успешен адвокатски бизнис, како и да го слушнат Рид Мекафри, кој ќе зборува за меѓународната арбитража и за етичките стандарди потребни при процена на можниот исход и при застапувањето во предметите.

Голем предизвик за нас е да иницираме дебата за визуелизација на правото, што е еден од светските трендови во правната наука. За таа цел, професорката од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје, Сузана Лошковска, ќе го пренесе своето знаење во врска со визуелизациите и можните примени во правото, а Александра Девендра од САД ќе ги сподели своите искуства од примената на разните естетски модели во правото.

Академик ве поканува на третата меѓународна правна конференција, верувајќи дека континуираното образование е еден од највисоките приоритети на секој професионалец. Тргнувајќи од оваа констатација, веруваме дека учеството на оваа конференција, покрај споделување знаења, искуства, мислења, методологии, концепти и сл., значи и можност за професионално поврзување со правниците од Македонија, од регионот и пошироко.