Conference | За конференцијата 2013
Регионалната правна конференција за управување со правни ризици
24-25.10.2013, Хотел Александар Палас, Скопје

 


Instagram

 

Регионалната правна конференција за управување со правни ризици беше одржана на 24-25.10.2013 год. во Скопје во хотелот Александар Палас. За прв пат во регионот на Јужна Европа, во Република Македонија, повеќе меѓународни и домашни експерти во одделни области на управување со правни ризици дебатираа и образложуваа низ примери за тоа како се предвидува и управува со ризикот во одделна област во правото.

Повеќе од 300 правници, економисти, адвокати, практичари и теоретичари, универзитетски професори и членови на академската заедница имаа можност да бидат дел од конференцијата и да слушнат извонредни предавања, говори, искуства и идеи во рамките на современиот пристап кон управувањето со правните ризици.

Правниот застапник на Лондонските Олимписки игри – Тим Џонс, хрватскиот еминентен кривичар – Анто Нобило, истакнатиот њујоршки адвокат – Блеин Бортник, претседателот на српската адвокатска комора – Драгољуб Ѓорѓевиќ, перспективната адвокатка од Турција – Оја Дениз Каваме и др., се само дел од предавачите кои оваа конференција ја сместија во редот на настани кои поставуваат нови стандарди во развојот на правната мисла во Македонија и регионот.

Организаторот, со задоволство најавува, дека и наредната година во Македонија повторно ќе се соберат најпроминентните личности на современото право.