Conference | Изјави 2016

 


Instagram

 

ИМПРЕСИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА, УНИКАТНА АТМОСФЕРА, ИНСПИРАТИВНА ТЕМА“ – Впечатоци од четвртата Меѓународна конференција за управување со правни ризици. За управувањето со правните ризици потребна е континуирана едукација од поширокиот општествен контекст. Инвестирањето во правната едукација носи големи предности и успеси на долг рок. Конференциите на Академик, кои се посветени на управувањето со правните ризици, претставуваат исклучителен придонес во промоцијата и едукацијата за управувањето со правните ризици како правен тренд, истакнуваат предавачите и учесниците кои присуствуваа на големиот меѓународен правен настан кој на 18 и 19 октомври 2016 се одржа во Скопје.
„Пред сè, би сакал да истакнам дека сите ние сме импресионирани од начинот на организацијата и од стандардите што ги поставил адвокатот Георги Димитров за реализација на овој исклучително важен настан. За овој настан, кој сега се организира веќе по четврти пат и кој е од вакви размери, прв пат слушнав од мојот пријател Магнус, поранешен директор во еден од секторите на „Сони Ериксон“. Ми рече дека бил во Македонија и дека си поминал прекрасно. Академик организира Конференција за управување со правните ризици на светско ниво. Сите се гостопримливи и што е најважно од сè целата екипа е максимално професионална…Јас му верував на мојот пријател и еве сега и јас сум тука. Дојдов со отворени раце и за целиот овој настан би го кажал истото. Тоа што се посветило внимание на сите детали од страна на Георги Димитров, е повеќе од импресивно. Навистина е задоволство да се биде тука“
Карл Остринг, главен правен застапник на „АБ Тракшн“.
„Настанот е светски и би рекол дека го одбележуваат две нешта. Прво нешто што би издвоил и за кое немам никаква дилема е професионалноста, посветеноста, ангажманот и сета енергија што ја гледам во тимот на Академик. Задоволството да се биде тука е огромно од моја страна. Втората работа е дека целата атмосфера тука е уникатна – се зборува за управување со правните ризици, но, би рекол, ова е многу повеќе од она што го содржи настанот и од она како изгледа…Целата оваа конференција, луѓето кои се тука, учесниците, предавачите и секако организаторот, сосема успеваат да го вклопат овој настан во општеството и во светот воопшто и ја прават Конференцијата корисна за идните генерации, за студентите и за младите правници“
Џереми Хопкинс, правен консултант во „Клеркингвел консалтинг“
„Ова е фантастична Конференција која е многу добро организирана, со многу луѓе кои доаѓаат од различни области и верувам дека придонесува за продлабочување на знаењето на тие луѓе со повеќекратно значење и на многу теми и мислам дека за нив Конференцијата ќе биде од голема корист. Ова е и за мене прва ваква конференција од ваков формат и мислам дека е многу интересна и корисна“
Филип Пенсол, управувачки партнер на париската канцеларија на Адвокатското друштво „Квин Емануел“
„Конференцијата е многу добро организирана, и во смисла на предавачите и во смисла на програмата кои се од висок калибар, но исто така и од аспект на логистиката на Конференцијата затоа што е многу важно луѓето да си поминат добро…Салата во која се одржува Конференцијата е исто така соодветна и технологијата што се користи е добра, што дополнително придонесува за целосниот впечаток за Конференцијата“
Маријана Винтијадис, управувачки директор во „Крол“ – Милано, Италија
„Темата Управување со правни ризици добива сè поголемо внимание во споредба со минатите години. Таа претставува критично актуелна тема со која никој, за жал, не се занимава доволно, па дури ни ние, правниците, ниту интерно ниту со странките. Што се однесува до организацијата на Конференцијата можам да кажам само позитивни критики…Сум била на многу конференции, и како предавач и како учесник, и морам да кажам дека сум импресионирана од самата организација, од менаџментот и од темата и содржината на сите презентации“
д-р Маја Менард, партнер во Адвокатското друштво „Улчар и партнери“
„Конференцијата „Управување со правни ризици: правни трендови“ е одлична. Вакви конференции се одржуваат насекаде, но радува фактот дека вакво нешто се случува во Македонија…Мислам дека темите на Конференцијата се многу релевантни, интеракцијата помеѓу правото и бизнисот, и сметам дека сите вистински правници во современиот свет размислуваат и за бизнисот, односно гледаат како да го употребат правото во конкретен контекст. Ова е одлична платформа за подигнување на свеста за важноста на управувањето со правните ризици“
Ненад Бакиќ, инвеститор и претприемач
„Конференцијата на Академик, особено овогодишниот собир на учесници и на предавачи од повеќе области, го прави Академик да има една пионерска улога во организирањето на ваквите настани кои, заедно со Академика, ќе придонесат за продирање на правната свест и на правното знаење до пошироката публика…Преку одбирањето на правилните теми и организирањето на вакви настани се ослободува правната мисла и луѓето стануваат посвесни за тоа дека ќе имаат корист од нив и во секојдневието“
проф. д-р Кирил Чавдар, судија на Врховниот суд на Република Македонија во пензија
„Импресионирана сум од сè. Сè е толку совршено организирано. Исто така ми импонира тоа што е голема посетеноста на Конференцијата и што интересот за неа е импозантен, дури и на вториот ден од одржувањето…Сето тоа е голем показател дека целиот тим на Академик цврсто чекори напред“
Михаела Алберг, извршен директор за усогласеност со законите и со етичките норми во „Телиасонера“
„Ова за мене е големо искуство. Да се измешаат специјалностите на еден ваков собир е вистински успех. Размената на искуствата што се случува на оваа конференција е од огромно значење за сите нас. Значи, мојот впечаток е повеќе од позитивен, а за организацијата немам зборови“
Жан Митрев, основач и сопственик на Специјалната болница „Филип Втори“
„Ќе бидам искрен, целата организација на Конференцијата беше беспрекорна и навистина не го очекував ова. Сите предавачи беа многу интересни бидејќи ова не беше само типична правничка Конференција. Фактот дека имавме хирург, инвеститори, форензични аналитичари, направи да добиеме поинаква слика за сите различни аспекти на нашата работа бидејќи сите предавачи дадоа поинакво светло од она како ние го водиме нашиот бизнис…Искуството што го добив овде ми е многу значајно и се надевам дека идната година ќе можам повторно да присуствувам, но овој пат од другата страна како учесник“
Константинос Корнилакис, партнер во Адвокатското друштво „Кументакис и адвокати“.
На Конференцијата има врвни предавачи, актуелни теми и беспрекорна организација. Од година во година Конференцијата за управување со правни ризици што ја организира Академик станува сè подобра.
Адвокатска канцеларија „Панчевски“
Презентациите на предавачите се исклучително интересни и примерите од практиката кои ги слушнавме на Конференцијата ќе можеме да ги примениме во нашата работа. Традицијата веќе започна. Јас верувам дека и во Македонија перцепцијата за правните ризици ќе биде дефинитивно променета и сето ова ќе влијае да тргнеме напред.
Билјана Николовска Жагар – Агенција за администрација
Воодушевена сум од Конференцијата. Отвора нови видици во областа на правото, што е многу потребно за нас судиите и се надевам дека ќе продолжи да се одржува, а ние, судиите, и понатаму ќе продолжиме да ги користиме услугите од Академик, но и да ве препорачуваме на младите правници.
Лилјана Ситниковска - Основен суд Кавадарци
„Секојдневно се соочуваме со нови предизвици и не знаеме со што уште можеме да се соочиме и затоа ваквите настани ни се од големо значење за да стекнеме некои теоретски знаења од искусни професионалци, кои ќе можеме понатаму да искористиме“
Павле Костовски, студент од Правниот факултет „Јустинијан Први“
Академик по четврти пат организира ваков настан и можам да кажам дека и овој пат импресиите ни се големи. Особено воодушевува адвокатот Георги, кој уште еднаш покажа што значи добра организација со цел сите ние да ги примениме во нашето практично работење искуствата кои се споделија тука.
Елизабета Атанасова – раководител на правна служба во ЈП „Градски паркинг“
Академик претставува темел за воведување на новините и на современите предизвици во областа на правото.
Антоанета Димовска – судија во Основен суд Скопје 2
Останатите можат да учат од вас. Вие сте вистински пример за успех и за тоа како треба да се менаџираат вакви настани.
Стефанка Петковска – раководител на правна служба на Клиниката за кардиологија
Конференцијата, односно предавањата дефинитивно ќе придонесат кон посовремен пристап во решавањето на правните проблеми, се разбира, сè со цел да бидеме и ние во чекор со европските трендови. Треба да се стремиме кон примена на помодерен пристап, а тука слушнавме дека новите трендови во управувањето со правните ризици веќе години наназад се применуваат во светот. Академик со ваквите конференции многу ми помага мене, како судија, во однос на правна литература, во решавањето на правни проблеми. Секогаш сме присутни на ваквите настани кои ни го збогатуваат знаењето.
Драган Миновски – судија во Основен суд Кичево
Конференцијата ни овозможи да се запознаеме со практичното искуство на правниците од други земји и сметам дека е доста корисна, особено со заклучните согледувања, кои се надевам дека ќе ги применат и нашите адвокати во правниот систем и дека ќе се осврнат на последниот дел, односно при изборот на кадар ќе ги имаат предвид и младите правници кои се стремат да бидат дел од најголемите и најуспешните компании.
Марија Димовска – студент
Секогаш се потребни вакви настани за да видиме до каде сме ние, правниците, и воопшто луѓето во Македонија кои работат во правниот сектор. Треба да ги следиме трендовите во развојот на правото, а ова е единственото место каде што тоа ни е овозможено.
Маја Донеска - ЕЛЕМ
Одлична организација, воодушевена сум од предавањето на предавачот од Шведска, Карл Остринг.
Софија Становска – студент
Организацијата е на високо ниво, предавачите се интересни, сиот труд кој сте го вложиле во организацијата месеци наназад вреди. Воодушевени сме. Доаѓаме со ентузијазам.
Бојана Мојсовска-Иванова, адвокат
Интересно предавање. Посебно ме воодушеви професорот Чавдар. Младите се авангардата во сè, па се надевам дека успешно ќе ги применуваат и новите трендови во управувањето со правните ризици.
Марио Милчевски – студент
Научивме многу новини. Се надеваме дека управувањето со правните ризици ќе биде тренд во иднина, а ние како млади адвокати и како ентузијасти ќе работиме на тоа и внатре во компаниите во кои сме вработени и во адвокатските канцеларии.
Весна Паунковска-Додевска – „Триглав осигурување“
„Првите три теми на кои зборуваа професорот Кирил Чавдар, гостинот од Англија, Џереми Хопкинс и гостинот од Хрватска, Ненад Бакиќ беа одлични. Иако не доаѓам од правната фела, туку од ИТ-индустријата, ми се допадна тоа што предавањата и насоките кои ги дадоа предавачите се применливи во повеќе области, а не само во правото. Ми се допаѓа дека овогодишната конференција е насочена и кон бизнисот“
Далибор Шојиќ - „Лајф нетворкс“
„Темите на Конференцијата се поврзани со делокругот на мојата работа во Советот за јавни набавки. Имавме интересни предавачи кои ги објаснија нивните животни чекори и како функционираат во нивната правна околина“
Златко Алексов, член на Советот на јавни набавки
„Многу ми се допаѓа целата организација на Конференцијата, како и изборот на предавачи. Јас како одговорно лице во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ќе имам особена корист од предавањето на Џереми Хопкинс кој ги презентираше сите ризици со кои се соочува едно лице на раководна позиција и одговорностите што ги има“
Ирена Брзанова, претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
„Она што го слушнавме од предавачот Џереми Хопкинс може да се примени во нашата фела бидејќи ние како државна институција работиме со електронските комуникации, но во нашиот Правен сектор гледаме да го унапредиме правото во делот на електронските комуникации“
Џинет Даути, стручен соработник во Правниот сектор во Агенцијата за електронски комуникации
„Она што го слушнав од предавачите на првиот ден од Конференцијата ќе ми користи во понатамошното градење како правник бидејќи сега сум сè уште студент“
Бранко Костовски, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Управувањето со правните ризици е нова тема, сè уште се немаме запознаено со неа и треба да се работи на тоа студентите да добијат повеќе знаење за неа“
Павле Костовски, студент од Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Факт е дека оваа конференција им помага на сите, иако ние сме сега сè уште само студенти, сепак почнуваме да ги зацртуваме нашите професионални цели за во иднина. Ние постојано се обидуваме да се унапредуваме, а ваквите настани се задолжителни за нашата професионална биографија за да напредуваме во кариерата“
Ѓорги Савески, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Конференцијата е многу корисна. Предавачите од вториот ден, Михаела Алберг, Филип Пенсол и Маријана Винтијадис, беа одлични. Тие пренесоа практични искуства кои се применливи во секојдневното работење“
Ана Колевска - „Апаве сее“
„Настан на кој можат да се слушнат поинакви, современи видувања за правото и правните ризици од врвни предавачи. Интересни теми со кои се разбива рутината од секојдневното работење и со кои се отвораат нови видици за размислување и за практикување на правото. Посебен впечаток остави Маријана Винтијадис“
Лидија Буревска, Млекара АД Битола
Јас сум презадоволна од целата организација. Посебно ми се допадна агендата од вториот ден. Сите ние имавме можност да слушнеме искуства за можни правни ризици од повеќе области. Со нетрпение ја очекувам наредната Конференција“
Мушерреф Касим - Нобел илач сан ве тиџарет
„Темата за управување со правните ризици е исклучително важна во правото. Двата дена имавме можност да слушнеме неверојатни предавања, од неверојатно подготвени предавачи“
Благица Михајловска, Државно правобранителство на РМ
„Ме воодушеви целата организација. Настанот би го окарактеризирала како еден од најуспешните во Македонија, па воопшто и во регионот, особено поради темата која е малку присутна на овие простори“
Јулијана Масларкова, Окта АД Скопје
„Пофалба до Академик за организацијата. Сметам дека успехот на секоја работа зависи од доброто управување со правните ризици, а тоа можевме да го слушнеме тука во текот на овие два дена, пренесено од практичните искуства на предавачите“
Маја Цветановска, ЕВН Македонија
„Одлично искуство, одлична организација. Сите десет експерти од оваа област преку своите предавања покажаа дека управувањето со правните ризици е примарно, и во правото и во сите други области од едно современо општество“
Јана Спиридоновска, Макстил АД Скопје
Гледаме и учиме како луѓето кои долги години се занимаваат со правото ги споделуваат со нас своите искуства за тоа како тоа функционира во практиката и на тој начин ни помагаат и ни го олеснуваат патот до нашата цел. Јас се надевам дека ќе ја развивам мојата кариера со толкава страст како што работеле и предавачите кои ги слушнавме на Конференцијата“
Ѓорги Савески, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Академик уште еднаш покажа квалитет и највисоко ниво на организација. Што е уште поважно, предавањата беа од врвни предавачи. Прекрасен настан“
Орхан Шаќири, Даути комерц
„Судијата Чавдар имаше одлично обраќање бидејќи сподели дел од своето богато искуство. Јас сакам да работам во областа на трговското право, па мислам дека Конференцијата оваа година прави одличен спој на правото и бизнисот“
Бранко Костовски, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Сметам дека од ова што го слушнавме на Конференцијата ќе има корист и приватниот сектор, не само државниот. Со еден збор многу поучна и корисна конференција“
Џинет Даути, стручен соработник во Правниот сектор во Агенцијата за електронски комуникации
„Токму како што слушнавме и од Карл Остринг и од Џереми Хопкинс – треба да настојуваме да го следиме светскиот тренд, затоа сметам дека Конференцијата е од голема корист. Организацијата беше прекрасна“
Лидија Групчева, Пивара Скопје
„Сè што видовме и сè што слушнавме тука ми остави голем впечаток. Добро е кога има размена на искуства. Сето тоа може да почне да се применува и кај нас. Треба да ги следиме примерите што ни беа посочени. Одлична Конференција“
Стефанија Красиќ, Халкбанк АД Скопје
„Секако дека може да се применат практиките на европските земји преку усогласување на законодавствата во делот на тоа да овозможат корисни услуги на бизнис-заедницата и на деловниот свет во насока на подобрување на функционалноста во работењето, во процената на ризикот за започнување на бизнис и во менаџирањето на ризиците во понатамошното работење, нивно пресретнување и успешно решавање“
Златко Алексов, член на Советот на јавни набавки