Conference | Изјави 2015

 


Instagram

 

„Сметам дека конференцијата на Академик претставува една од најдобрите идеи со кои сум се сретнал откако практикувам право, а тоа е долг период – преку 40 години. Mислам дека треба да се организира почесто, на повеќе места во светот. Домаќинот ги заслужува сите пофалби“
Рид Мекафри
„Конференцијата е одлична можност за професионалци од различни области, а пред сѐ од правото и економијата, да разменат идеи. Знаете, во секојдневието сите се многу зафатени. Живееме во време кое е многу брзо и ова е одлична можност за луѓето да разменат искуства и да создадат нови контакти“
Теодор Малфас
„Мислам дека конференцијата на Академик е фантастична, импресиониран сум. Со оглед дoнесовте адвокати од различни правни системи, голема корист ќе имаат правните практичари во вашата земја. Мислам дека, генерално, изложеноста кон надворешниот свет ќе го забрза развојот на Македонија, а особено е битно влијанието врз младите адвокати кои се тука и кои можат да се здобијат со нови знања од различни перспективи, што инаку би можеле да ги научат единствено со посети во други земји. Сметам дека е многу корисно младите луѓе да се изложени и на правната практика на Европа и на САД“
Лука Мишетиќ
„Мислам дека идејата за организирање на оваа конференција во Скопје е одлична. Моето мислење за презентациите е дека сите без исклучок беа интересни, образовни и инспиративни, а некои беа супериорни. Јас научив многу на оваа конференција.“
Џон Адамс
„Се чувствувам многу убаво на овој настан и ми беше задоволство да пренесам дел од своите искуства како адвокат. Конференцијата ја оценувам како одлична. Имаше многу интересни говорници, имаше многу интересни теми кои се нови и кои значат предизвик за правото и адвокатурата. Во основа, такво е и прашањето за правните ризици, за кое, како концепт, е неминовно да се дискутира на ваков одличен настан“
Предраг Константиновиќ
„Успешна конференција што опфати многу теми кои се од исклучително значење за правото, економијата и за општеството во целина. Добро е тоа што се говореше за политичките ризици во контекст на правно-политичките и економските прашања“
Владимир Глигоров
„Пријатно сум изненадена од конференцијата. Одлична организација, одлични предавачи, многу корисни предавања кои внимателно ги проследив. Се кажаа многу нови идеи, нови анализи, се дебатираше за прашања што се од големо значење за компаниите, а особено за правниците. Честитки за организацијата“
Надја Ватчер
„За поздрав е тоа што на оваа меѓународна конференција се говореше и за прашањето за етичките банки и што оваа тема, која е мошне значајна за општеството, беше дел од предавањата и од дискусиите. Тоа е многу важно поради тоа што непосредно ќе им се доближи темата на големиот број учесници, бидејќи се работи за нови концепти кои значат дел од секојдневието и од иднината. Во корелација со другите теми посветени на правните ризици и правната етика, оваа конференција навистина нуди широк дијапазон на извонредни предавања“
Горан Јерас
„Екстравагантна конференција. Навистина сум почестена што сум дел од ваков настан кој е на престижно ниво во секоја смисла, како во поглед на естетиката и на техничката организација, така и во поглед на квалитетот на предавачите од кои навистина може да се научи многу“
Александра Девендра
„На оваа конференција говорев за визуелизацијата на правото и за тоа колкаво е нејзиното значење во правниот свет. Дигиталниот и правниот свет се поврзани и со оглед на тоа дека конференцијата третира прашања што се многу актуелни, современи и неопходни за правото како практика и теорија, за поздрав е тоа што преку предавањата на конференцијата, преку иновативен едукативен пристап, се отвораат теми што се од суштинско значење“
проф. д-р Сузана Лошковска
„Идејата да се организира конференција за управување на правните ризици е извонредна и многу корисна поради тоа што се однесува на една сфера на правото којашто е онаа вистинската, каде што правото треба да функционира, а тоа е да превенира настанување на правни ризици или, ако настанале ризиците, како да се снајдат клиентите, односно учесниците на пазарот со нив. Конференцијата е извонредно конципирана. Како и претходните години, говорниците се високопочитувани, а темите се добро одбрани“
проф. д-р Тони Десковски, Правен факултет „Јустинијан Први“
„Прво би кажал дека и другите продукти на Академик, како Академика, се значајна новина за нас, правниците, и лично ги користам и сум многу задоволен. На конференцијата присуствувам втор пат и сметам дека е одлично организирана. Темите се актуелни, дел од нив несекојдневни. Организацијата е на највисоко ниво и кога разбрав дека повторно ќе се организира немав дилема дали да присуствувам – ги оставив секојдневните обврски и дојдов“
Гораст Поповски, заменик-директор на Секторот за правни работи во Стопанска банка
„Најпрвин би сакал да ви честитам за организацијата на овој настан. Конференцијата е прекрасна и сметам дека Академик треба да продолжи да го прави ова бидејќи сте пример во нашата држава како се работи. Ова е всушност вашиот придонес во изградбата на еден модерен правен систем на Република Македонија“
Селим Адеми, потпретседател на Судскиот совет на РМ
„Предавачите се прекрасни. Конференцијата имаше извонреден почеток. Д-р Глигоров беше импресивен, но и останатите. Тука сум, прво, поради содржината на Конференцијата и, второ, бидејќи знам дека е организирана на многу високо ниво – тоа се потврдува со години. Задоволство е да се учествува на ваков тип конференции бидејќи се реткост. Честитки до организаторот што успева да ја одржи и да ја унапреди конференцијата“
Кристијан Поленак, управувачки партнер во адвокатското друштво „Поленак“
„Основачот на Адвокатското друштво „Георги Димитров“ е човекот во кој лежи и правната и социјалната креативност. На овој настан гледам повеќе како на социјален, отколку како правен настан. Сметам дека причините за успехот се во поттикот. Причината зошто секој од овие луѓе присуствува тука треба да ја побарате кај креаторот бидејќи тој во исто време умее и да ги мотивира луѓето“
Игор Андреевски, директор на Друштво за услуги „Пеј плус“ – Скопје
„Јас годинава првпат присуствувам на конференцијата на Академик. Морам да ви кажам дека не сум правник по професија, но темите ми се многу интересни. Мислам дека настанот е добар за поширока публика, не само за публиката која е врзана за правото, бидејќи одгатнува многу интересни теми кои навлегуваат во општественото живеење и во многу пошироки рамки коишто допираат во многу други професии. Сметам дека вакви настани се многу потребни поради тоа што носат нови идеи и ја поттикнуваат креативноста“
Нина Шуловиќ-Цветковска, проект-менаџер на проекти на меѓународни организации
„Трет пат сум гостин на конференциите на Академик и морам да кажам дека задоволството е огромно. Секоја година гледам сѐ поголема масовност, предавачите се ексклузивни и навистина Академик заслужува почит“
Лидија Каначковиќ, член на Судскиот совет на РМ
„Од мојата компанија секоја година присуствуваме на конференцијата на Академик. Идејата е одлична и конференцијата е многу корисна за правната фела во Република Македонија. Јас лично сум многу задоволна. Може да се слушнат искуства на теми што се многу актуелни во светски рамки“
Елена Тримчевска- Лапе, правник во АД „Алкалоид“ – Скопје
„Ваквите конференции се многу битни за стручната јавност. Особено е интересен концептот на оваа конференција бидејќи им дава простор и на оние што не се од правната професија да можат да се пронајдат. Од друга страна, мене како ликовен уметник и графички дизајнер ме привлече темата што се однесува на визуелизација на правото – значи, јас сум консумент на правото и некој ми помага во тоа, но оној визуелниот дел дефинитивно недостасува кај нас во нашата средина, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Оваа конференција дава одговор на прашањето како правото да стане поприемчиво и за пошироката јавност“
Ладислав Цветковски, професор на Факултетот за ликовни уметности и шеф на Катедрата за графика и графички дизајн
„Искрено, љубоморен сум што не можам јас да бидам тој што е организатор на оваа конференција. Мене ми е чест што учествувам на ваква конференција и не е случајно што не ми првпат да присуствувам и што продолжувам да доаѓам. Битно е да се продолжи и да не се застанува тука. За нас, пак, како фела, како адвокати, многу е битно да учествуваме на вакви настани да се едуцираме и да разменуваме искуства. Академик треба да продолжи со својата мисија, обединувајќи нѐ на едно место, не само еднаш годишно, туку и повеќе пати во текот на годината“
Мерџан Даути, адвокатот и партнер во Адвокатското друштво „Даути и Симјановски“
„Вакви конференции во Скопје има многу малку и навистина ми преставува задоволство да присуствувам на овој настан. Честитки до организаторот. Навистина се прекрасни излагачите што зедоа учество на оваа конференција. Убаво е да се слушне нивното искуство и да се сподели со нас. Нам од правниот сектор ни преставува важна алка во секојдневното работење“
Ирена Брзанова, претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
„Првпат доаѓам на конференцијата на Академик и искуството е многу позитивно. Цело време коментираме со колегите колку се квалитетни и предавачите и организацијата и темите. Најбитно е тоа што конференцијата дава инспирација за идното работење“
Весна Контраденко, одговорно лице за ризици во НБРМ
„Не присуствувам првпат на конференција на Академик, ова ми е втора година. Годинава, како и минатата, има одлични предавачи. Темата е одлична. Мене лично многу ми остави впечаток Александра Девендра од САД – одлично го објасни и терминот и начинот на визуелизација на правото. Конференцијата истовремено е одличен начин за дружба и средба со лица и од правната, но и од економската фела“
Благородна Мирчевска, Отсек за усогласеност на прописи – НЛБ „Тутунска банка“
„Конференцијата изобилува со излагања на експерти од своите области. Покриени се сите сегменти од правната практика и сметам дека сите учесници на конференцијата можат да ги применат практиките кои се презентираат овде во своето работење“
Зоран Андоновски, адвокат – Адвокатска канцеларија „Андоновски“ од Скопје
„Сметам дека е од исклучително значење на едно место да се соберат професионалци и практичари од повеќе области. Се чувствувам како да сум во некое интелектуално гето. Многу е важно што студентите тука можат да слушнат практични искуства, нешто ново и нешто што не можат да го слушнат на факултет. Сметам дека е од исклучително значење што организаторот мисли и на студентите“
Маја Вељанова, претседател на ЕЛСА – Македонија
„Идејата да се организира ваква конференција е многу позитивна. Имаме можност да се запознаеме со успехот и со битните компоненти на раководењето, како и со начинот на работење на професионалци и од други земји, што е многу битно за нас, извршителите“
Зоран Димов, извршител од Скопје
„Секако дека преставува одлична можност да се биде во тек со новитетите поврзани со правните ризици, како во Македонија, така и пошироко. Досега Академик, по своите бројни организирани обуки, се покажа како лидер во државата за организација на ваков тип настани. Со оглед дека ова е четврта голема конференција, се покажа дека Академик одлично се носи со оваа своја улога, идеја и замисла“
Васка Кантурска-Балевска, државен советник во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
„Конференцијата е одлично организирана, а предавачите се извонредни. На настанот видов многу млади правници, што особено ме радува“
Иван Мојсов, адвокат на Проектот на УСАИД „Јакнење на судството“
„Конференцијата сметам дека е прекрасна идеја. Учесниците можат да направат мрежа на контакти и да научат нешто ново, односно да ги прошират своите знаење и видици, како и да се запознаат со искуствата на своите колеги кои се експерти во својата област“
Бојана Ѓорѓиевска, адвокат од Скопје
„Втора година сум на Конференцијата на Академик за управување со правни ризици. Навистина можат да се научат практични искуства од други јуриздикции. Добро е што има желба кај колегите од Македонија да ги прошират своите знаења во одредени сфери – корпоративното право е во подем така, што идејата за организација на овој настан и изборот на предавачите е за поздрав“
Марко Најденовски, приправник во „ОDI Law“ – Македонија
„Одлична е идејата да се реализира ваква конференција во Скопје бидејќи има малку конференции на правници коишто се одржуваат во Македонија. Посебно е интересна оваа конференција од аспект што правото е разгледано од многу страни и од многу субјекти кои не се вообичаени, а коишто го применуваат правото на различен начин“
Елизабета Двојакова, правник во Агенцијата за електронски комуникации
„За конференцијата имам само пофални зборови. Организацијата е на високопрофесионално ниво. Од предавачите навистина може да се научи многу. Сѐ на сѐ, би рекла еден убав спој од теоријата и практиката. Колоритот на публиката е исто така многу интересен. Има луѓе што работат во различни правни, но и финансиски организации“
доц. д-р Билјана Петревска, Институт по деловно право и економски науки – Правен факултет „Јустинијан Први“
„Не сум првпат на конференција на Академик и можам да потврдам дека квалитетот е стандарден. Ми се допаѓа што се одржува високото ниво на квалитет на предавачите. Има многу интересни теми кои можат да се слушнат, како и нови искуства кои секојпат повторно нѐ носат на конференцијата“
Златко Стојчевски, раководител во Одделени за правни работи „One.Vip“ – Скопје
„Од конференцијата може многу да се научи за ризиците. Секој учесник може да извлече позитивни работи и да ги примени во практиката“
Вера Димитриевска, правник во НБРМ
„Сметам дека е многу значајно тоа што Академик се нафаќа да организира една ваков голем настан како што е конференцијата. Покрај формалното образование, на секој млад студент му се потребни вакви конференции и обуки за да може да се запознае со работи што не можат да се научат на факултет. Воедно, сметам дека темите што ги отвори Академик и годинава се недоволно истражени и го поздравувам организирањето на конференцијата“
Иван Дургутов, студент во трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Одлична е идејата на едно место да се собере правната фела, луѓе што на некој начин придонесуваат во правниот систем на Република Македонија. Оваа конференција ни дава искуство и нови видици за тоа како се совладуваат правните ризици во светот, со цел да можеме да го примениме тоа искуство и во нашиот систем. Навистина беше одлично, ве поздравувам и понатаму да продолжите да организирате вакви настани“
Маре Богева-Мицовска, директор на Сектор за јавни набавки, НБРМ
„Земајќи ја предвид глобализацијата во правната струка, каде што сѐ помалку веќе и правниците, адвокати, адвокатски друштва, консултанти, се ориентирани кон сопствената држава, ваквите конференции се навистина важни бидејќи го доловуваат оној глобален елемент дека сите ние сме дел од глобална фела на правници и дека не сме одделени со државните граници. Токму тоа е она што мене ми се допаѓа – што има еминентни странски правници што можат да ги споделат своите искуства “
Константин Битраков, студент на магистерски студии на Правниот факултет на „Јустинијан Први“.
„Ова е веќе втора година да присуствувам на конференцијата. Ретки се настаните на кои можеме да се собереме и да видиме присуство на луѓе што значат во светот на правото, особено кога не е чисто право, бидејќи, за жал, ние во последните години се фокусиравме само на позитивното право, а ја заборавивме економската анализа на правото“
Вангел Доковски, асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Конференцијата е значајна од она што го презентира како идеја, а што е поткрепено со одичните презентации на предавачите, кои имаа корисни предавања на овој настан, што за нас, како правници, е од голема важност затоа што низ нив се проследува современата правна мисла, од теоретски и практичен карактер"
Хари Ајцев, „Македонски телеком“ АД
„Организацијата на конференцијата од страна на Академик е перфектна. Пожелно е да се организираат вакви настани за размена на искуствата и за стекнување нови знаења“
Севим Дестани, нотар во Куманово
Идејата за организирање на ваква конференција уште пред четири години ја оценив како одлична и оваа година се потврдува фактот дека правната конференција организирана од Академик е на вистинското место, каде што треба да биде. Драго ми е што сме дел од овој настан. Го докажавте квалитетот што трае со години.
Стефанија Красиќ в.д. директор на Дирекција за наплата на ризични побарувања во „Халкбанка“ АД Скопје
„Организацијата на конференцијата е на многу високо ниво. Идејата е многу добра и претставува можност да се научи нешто ново. Сметам дека почесто треба да се организираат вакви настани. Не ми е првпат да учествувам и со задоволство се враќам“
Снежана Стоевска, Отсек за усогласеност на прописи – НБРМ
„Идејата да се организира ваква конференција е многу прогресивна. Едноставно, ги надминува другите конференции, кои претежно се организираат во границите на Македонија, бидејќи кани многу квалитетни предавачи од странство и се разработуваат теми што не се толку типични за правничките средби, а истовремено зафаќа и некои други теми како што се економијата и политиката“
Јордан Јорданов, адвокат – Адвокатско друштво „Бранко Кузмановски“.
„Сметам дека ваквите настани само можат да придонесат кон градење на личноста на студентите. Кај нас во државата има дефицит на вакви настани, а неформалното образование придонесува за изградба на добар правник. Треба да бидеме среќни што има организации како Академик што организираат вакви настани“
Антонио Антоновски, студент во трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„Првпат учествувам на конференција на Академик. Навистина организацијата е одлична. Се надевам дека и понатаму ќе продолжите да го правите ова“
Беким Реџепи, член на Судскиот совет на РМ
„Ова е трета година по ред како учествувам на конференцијата на Академик, и можам да кажам дека квалитетот е константен. Предавачите доаѓаат од различни земји, многу се стручни во своето поле и тоа е навистина за пофалба. Тука можат да се научат модерни работи кои ја обележуваат современата адвокатура и правото воопшто“
Александар Симјановски, адвокат и партнер во Адвокатското друштво „Даути и Симјановски“ – Тетово
„Целокупниот концепт на организацијата навистина ми се допаѓа. Речиси сите предавачи беа одлични. Ваквите конференции се местото за размена на искуства и знаења, нема друго“
Александар Балтовски, правник во Млекара АД Битола