Conference | Изјави 2014

 


Instagram

 

„Тоа што го прави АКАДЕМИК, да ги собере на едно место водечките експерти за правен ризик во светот, а нема многу такви, е извонредно. Често работиме изолирани едни од други. Всушност, за нас практичарите со правен ризик е неверојатно корисно да се собереме и да зборуваме за тоа што го работиме и да ги споредуваме нашите пристапи, со можност да се навлезе во детали што функционира кај еден, а што кај другите и е многу повеќе ефикасно. Ова е дотолку повеќе корисно и за луѓето од Македонија, Бугарија, Истанбул за да разберат тоа што го работиме и добрите практики. Помага да се слушне за правниот ризик во светот со порака дека ризикот воопшто може да биде менаџиран“
Метју Вајли, Berwin Leighton Paisner – Лондон, Велика Британија
„Многу сум импресиониран од квалитетот на предавачите на „Legal risk management Skopje 2014“. За мене, особено е интересно да видам како се развива оваа област во други земји и сум изненаден што се користат многу методи од Канада. На Конференцијата организирана од АКАДЕМИК, можеа да се слушнат врвни експерти во оваа област и би ја препорачал на сите кои се заинтересирани за начинот на кои се управува со правните ризици во повеќе области“
Патрик Везина, Министерство за правда на Канада – Отава, Канада
„Темата „Управување со правен ризик“ е многу важна, ама во иднина би им препорачал на менаџерите и на сопствениците на фирмите да присуствуваат во поголем број, покрај правниците, адвокатите и судиите. На пример, предавањето за франшиза кое имавме можност да го слушнеме, би требало секој сопственик на хотел да го слушне“
Тома Фила, Адвокатска канцеларија „Фила“ – Белград, Србија
„Фантастично е да се биде тука, одлична организација, многу гостопримливи луѓе, воодушевен сум од Конференцијата. Темата управување со правни ризици е многу важна, станува збор за тема на која многу се говори во западниот свет и за која е добро што почнува да се говори и во Македонија. Морам да истакнам дека слушнав многу добри предавања“
Магнус Стин, Contract Business Intelligence Nordic AB – Шведска
„Многу сум импресионирана од бројот на луѓето, квалитетот на предавачите и технологијата. Изгледа одлично, вакви конференции нема во Швајцарија. Навистина уживав на Конференцијата и со мојот престој во Македонија“
Ванеса Аларкон Дуванел, Winston & Strawn – Женева, Швајцарија
“Морам да признаам дека сум изненадена. Навистина убаво организирана Конференција, со предавачи кои доаѓаат од развиени сфери, образование, земји и компании. Убаво е да се слушнат нивните предавања и тоа не е важно само за Македонија, туку и за светот“
Аленка Жнидаршиќ Крањц, Prva group – Љубљана, Словенија
„Мислам дека е многу фасцинантен настан. Немам видено други големи конференции за управување со правен ризик. Како што можам да видам, вие сте едни од најраните прилагодувачи на интернационални трендови и навистина е фасцинантно што започнува тука во Скопје. Мислам дека е многу добар избор да се започне ваква конференција и сум многу благодарен за можноста да дојдам тука. Навистина мислам дека многу други компании како АКАДЕМИК треба да развијат нешто во насока на управувањето со правните ризици затоа што е идна можност за правни услуги“
проф.д-р Тобијас Малер, The Faculty of Law in Oslo – Осло, Норвешка
„Сметам дека Конференцијата е фантастична. Предавачите се експерти во својата област и доаѓаат од различни земји, па оттука ова претставува одлична можност да се слушнат многу корисни искуства. Менаџирањето на правните ризици е сè во животот!“
Марко Лорефиче, , Edison Spa – Милано, Италија
„Втора година по ред присуствувам на Конференцијата за управување со правни ризици во организација на АКАДЕМИК, оваа година како предавач. Минатата година мислев дека тоа најдобрата и најинтересната конференција на која сум присуствувал, годинава можам да констатирам дека всушност стандардите се надминати. Различниот профил на говорниците ја збогатува сликата уште повеќе. Темата „Управување со правни ризици“ е многу неистражена во овој регион и навистина треба да се работи на ова поле. Многу е важно ова што го прави АКАДЕМИК: за почеток да почне да се зборува за правните ризици“
Дастид Паласка, Pallaska & Associates – Приштина, Косово
„Конференцијата е одлична. Лани поставивте високо ниво, оваа година го одржавте и потврдивте. Интересни учесници, интересни теми – сѐ на сѐ - одлично.“
Димитар Георгиевски, директор на Правна служба во Шпаркасе банка АД Скопје
„Интересни спикери и искуства. „Risk management“ e нова област која станува многу значајна за организациите, за компаниите. Добро е да се слушне до каде се поразвиените земји во овој поглед. Во однос на излагањето на г-динот Фила, сакам да кажам дека е добро да се слушне - како една ваква легенда размислува и какви се неговите размисли во однос на Законот за кривична постапка, како и специјалните судови. Мене лично многу ме интересира темата за конфликт на интереси бидејќи јас работам во менаџмент со човечки ресурси, каде има ситуации кога треба да се утврди дали има конфликт на интерес. Во секој случај, Вашата конференција можам да ја квалификувам за еден од најпрестижните настани од аспект на откривање на правната проблематика во земјата. Ви посакувам успех и понатаму.“
Христина Лозаноска, раководител на Одделот за човечки ресурси во НБРМ и претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси
„Сметам дека конференцијата е одлична. Вакви конференции треба што почесто да се организираат во Македонија. Особено беше интересен делот на државниот секретар на Министерството за правда, Патрик Везина, кој се осврна на улогата која треба да ја има Министерството за правда наспроти државата и предметите кои се против државата. Особено интересно излагање имаше и г-динот Фила во делот на новиот Закон за кривична постапка и примената на истиот во Србија.“
Костадин Богданов, владин агент од Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права
„Многу сум задоволна од содржината на конференцијата, особено од првите две излагања. Нешто што, не само што е интересно, туку и некој вид на предизвик. Во првото излагање на г-динот Метју можеше многу елементи да се препознаат од нашиот Закон за облигациони односи и убаво би било од таа страна тоа да се разработи. Во однос на второто излагање, на генералниот секретар од Министерството за правда, г-динот Везина, мислам дека нашето Министерство за правда треба сериозно да се заложи во оваа насока.“
Маргарита Цаца Николовска, судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранeшен судија на Европскиот суд за човекови права
„Конференцијата ги исполни моите очекувања, особено во делот на нетворкинг. Значи многу интересни луѓе едно место, многу соработници и колеги на едно место, практично, позитивно и нешто многу различно од сѐ досега.“
Весна Димитрова, раководител на Служба за кадровски и општи работи во Триглав осигурување АД Скопје
„Не се ни сомневав дека конференцијата ќе помине во најдобар ред и можам да кажам дека уште подобро е организирана од минатогодишната. Честитки до организацијата. Ја следев и конференцијата во Белград, значи ова е трета конференција на АКАДЕМИК, трета и на која јас присуствувам. Можам да констатирам дека АКАДЕМИК оди чекор понатаму во поголеми походи и во очекување сум на уште поголема конференција.“
Димитар Панчевски, адвокат од Скопје
„Бев и минатата година на АКАДЕМИК конференција и сега. Организацијата е одлична, темата е јасна. Прекрасно е сѐ.“
Никола Кацарски, претседател на Надзорен одбор на Гранит АД Скопје
„Презадоволна сум од конференцијата. Сите ние од Стопнаска банка сме презадоволни, и од предавачите и од организацијата.“
д-р Валентина Ангелковска, директор на Правен сектор во Стопанска банка АД Скопје
„Презадоволна сум од конференцијата, а тоа и го очекував. Не ми е прва конференција организирана од страна на АКАДЕМИК на која присуствувам. Презадоволна сум од организацијата и од гостите.“
Елида Жикоска, раководител на Сектор за правни работи во ЈП Македонија пат
„Многу сум задоволна. Конференцијата ги исполни моите очекувања и дури ги надмина. Минатата година, конференцијата беше одлична, сметам дека оваа година е уште подобра. Наредната година се надевам на уште поуспешна и поголема конференција.“
Ана Камчева, адвокат од Скопје
„Фала Ви многу што организирате ваков тип на настани, потребни се во Македонија, навистина. Слушнавме искуства на многу квалитетни луѓе. Ние, како млади правници, но и фирмите во развој, сметам дека треба да се запознаеме со правните ризици. Секоја чест за организацијата од страна на АКАДЕМИК.“
Енис Емини, правник во Правна служба во Даути комерц АД Скопје
„Втора година по ред во Скопје се одржува конференцијата, втора година по ред адвокатското друштво Даути и Симјановски е присутно. Се здобиваме со нови, интересни знаења, кои се надевам ќе бидат применливи. Сметам дека Македонија треба да ги следи глаблните текови во правото. Навистина сме благодарни на АКАДЕМИК што ни овозможува едно вакво задоволство.“
Александар Симјановски, управувачки партнер во адвокатско друштво „Даути и Симјановски“ од Тетово
„Материјата е многу чувствителна. За жал во нашата држава сѐ уште немаме ниво на свест развиено дека од правните ризици зависи и успешноста на бизнисот и пропаѓањето на многу фирми е резултата на неизвршена анализа на овие правни ризици. Сметам дека во иднина, посебно после Конференцијата на АКАДЕМИК, која беше посетена во голем број, ќе се постават правните ризици на нивното вистинско место.“
Весна Доброхотова, советник во Македонска навигација М-НАВ
„Конференцијата навистина е одлична. Одлична комбинација на предавачи, кои имаат и теоретско и практично искуство и од регионот и од пошироко. Сметам дека станува збор за Конференција, која не само на нас правниците туку и пошироко ни дава повеќе податоци околу „Legal risk management“, тема која очигледно е важна и популарна, но за која малку знаеме.“
Александар Шахов, директорот на проектот на УСАИД „ИДЕАС“
„Слушнав многу корисни работи, а за понатаму останува да ги пробаме во практична примена.“
Емилија Божиновска, шеф на Одделение за здравствено осигурување во Фонд за здравствено осигурување на Македонија
„Најпрвин би сакала да ви честитам на организацијата. Коцептот и идејата се прекрасни, воодушевена сум. Првин мислев дали да дојдам или не, но воопшто не се каам што дојдов. Содржината ми се допаѓаше. Интересно е да се чујат работи кои се далечни за нас и кои тешко се имплементираат тука. Добро е да имаме сознанија за она што се прави во светот. Секоја чест!“
Дори Кимова, адвокатска канцеларија „Кимова“ од Скопје
„И лани бев и лани Конференцијата беше одлична. АКАДЕМИК на еден начин се надминува себе. Презадоволни сме, а понатаму и праксата ќе покаже.“
Силфана Ончева, советник, даночен инспектор во Општина Велес
„Мојот впечаток е дека Конференцијата носи нов квалитет во третманот на правната проблематика во Македонија и тоа е за поздравување. Фактот што се одржува втора година и не е паднат квалитетот зборува за сериозниот пристап на организаторите.“
Илијанчо Гаговски, основач и генерален директор на PrymApps – Скопје
„Одлично организирано, одлични предавачи, сѐ е на нивo!“
Валентина Лазарова, адвокат од Куманово
„Сметам дека станува збор за многу интересна Конференција која вторпат се случува во Скопје. Бев скептичен во однос на тоа дали може да се повтори успехот од минатата година, гледам дека не само што се повторува, туку е проширена и подобрена. Ми се допаѓа енергијата од присутните и се разбира квалитетот на гостите мислам дека е на ниво.“
Јанко Тренкоски, директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
„Организацијата е на највисоко ниво. Еминентни предавачи - со големо искуство од терија и пракса.“
Билјана Николова, правник во Макпетрол
„Конференцијата е одлична, научивме многу работи. Пофални зборови имам и за организацијата.“
Маријана Станинова, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
„Сите предавања беа интересни, но прашање е колку се апликативни во македонски услови. Сепак, би истакнала дека слушнавме многу интересни начини на размислување кои сигурно би ни помогнале методолошки во работата.“
Елена Тримческа, правник во Алкалоид АД Скопје
„Навистина сум воодушевена и од минатогодишната и од оваа, премногу добра организација, варијации на теми... Можеби малку се недостижни презентациите во однос на она што ние го имаме досега, меѓутоа со тој нов софтвер кој планира да се востанови за да се утврдат ризиците, мислам дека ќе ни ги разрешат сите дилеми. Инаку навистина предвачите се извонредни во својата дејност. За АКАДЕМИК можам да кажам само да продолжите со исто темпо.“
Стефана Мишевска, раководител на Служба за присилна наплата во НЛБ Тутунска банка АД Скопје
„Задоволни сме многу. Убаво организирана Конференција, има многу звучни имиња од кои има што да се научи и примени во пракса. Честитки до организаторите АКАДЕМИК и колегата Георги Димитров.
Кристина Ангеловска, правник во Гофи ДООЕЛ Скопје
„За мене, како претставник од државна администрација покорисен беше вчерашниот ден, односно ризиците во државна администрација презентирани од генералниот секретар во Министертвото за Правда, г-динот Патрик Везина. Многу беше интересно и предавањето на Тома Фила кој има многу искуство. Задоволна сум од Конференцијата и се надевамм дека ќе продложи традицијата, убаво е кога се среќаваме на едно место.“
Фани Коровешовска, раководител на Одделение за правни анализи и истражувања во Парламентарен иннститут - Собрание на Република Македонија
„Самиот факт што се гледаме повторно и дека јас доаѓам од Белград говори дека јас сум повеќе од задоволен од Конференцијата. Георги Димитров и секако АКАДЕМИК се лидери во регионот, ако се прашувам јас. Ова го работите на едно исклучително високо ниво и навистина јас не знам дали оваа Конференција може да се спореди со некоја друга.“
Александар Ѓорѓевиќ, адвокат во Белград
„Многу сум задоволна од Конференцијата , сметам дека треба и понатаму да продолжи да се организира. Изборот на предавачи е одличен, и сѐ подобар и подобар. Честитки до организаторите и вака да се продолжи и понатаму!“
Марта Трповска, директор на Сектор за правни и општи работи во Штедилница Можности ДОО Скопје
„Беспрекорно! Предавачите беа соодветни за темата, многу беа интересни. Во врска со логистика на настанот, тимот кој очигледно работел на Конференцијата, предобро си ја завршил работата, секоја чест!“
Емилија Евтимова-Спасевска, раководител на Правна служба во ТАВ Аеродром Скопје
„Се работи за еден настан, којшто е малку невообичаен за нашите простори бидејќи можеби за првпат се среќаваме со една конференција која го третира менаџирањето на правните ризици. Мислам дека иднината на правото се состои токму во оваа сфера и сметам дека напорите кои ги прави АКАДЕМИК ќе вродат со плод. Задоволството е големо!“
Александар Пулејков, извршител од Скопје
„За жал првиот ден не стигнав да присуствувам, но од она што го слушнав на вториот ден можам да констатирам дека е различно и ново од она што претходно сум го слушал. Јас не сум правник, меѓутоа ме интересираат вакви содржини од кои може да се извлече нешто корисно.“
Лазар Заковски, сопственик на Еуро Табак ДОО Скопје
„Можеа да се слушнат многу нови аспекти во однос на правните ризици и како истите се поставени на меѓународно ниво. Некои предавања беа во директен интерес за мене, бидејќи сум во корпоративното право, некои предавања се новитети и за мене и можат да ми послужат во иднина. Се надевам дека ќе биде слично, па дури и поинтересно во Истанбул. Треба само да се движиме кон глобалните трендови, а не кон трендовите и дневно-политичките случувања во Македонија.“
Ана Станојевска, Раководител на Секторот за правни работи во Сеавус ДООЕЛ Скопје
„Конференцијата помина во најдобар ред. Ми се допадна изборот на предавачи и секако го поздравувам обидот да се направи вакво нешто во меѓународни рамки.“
Елеонора Дулева, заменик генерален директор на Албсиг АД Скопје
„Одлично организирана Конференција. Задоволен сум од она што беше презентирано и мислам дека подобро од ова не може да биде организирано.“
Дарко Никодиновски, адвокат во адвокатско друштво „Трпеноски“ од Скопје
„Ми се допаѓа конференцијата. Првпат сум овде, но многу е интересно. Јас работам во Шпаркасе банка во Одделот за ризици и ова е тема што баш нѐ засега нас како правници, особено нашиот сектор. Би сакала да присуствувам и на други вакви конференции.“
Јадранка Ефтимов, правник во Одделот за ризици при Шпаркасе банка АД Скопје
„Сметам дека Конференцијата е одлична и претставува успешно продолжение на претходните две, надградено продолжение со многу новини. Конференцијата дава една одлична слика како ризиците можат да се третираат од повеќе аспекти.“
Александар Ицковски, раководител на Правно одделение во ОНЕ Телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје
„Одлична организација, презадоволна сум од Конференцијата. Минатогодишната беше одлична, оваа година искуството е уште подобро. Ви посакувам многу успех и се надевам дека следната година ќе имате уште поуспешна Конференнција.“
Емилија Панчевска, адвокатска канцеларија „Панчевски“ од Скопје
„Темата е одлична. Доколку би можела да се спроведе во Република Македонија би било тоа добро. Секако, добра основа за понатаму.“
Марија Шекеровска, раководител на Сектор за правни работи во Гранит АД Скопје
„Имам и претходно искуство од минатата Конференција на АКАДЕМИК што се одржуваше во Скопје и прилично ми е блиска темата со оглед дека работам во Народна банка во супервизија и управување со правен ризик, што ми е и во примарен фокус. Можам да истакнам дека доста се разнолики темите на кои се говореше, внесуваат возбуда, добар е преминот од високоразвиени на наши блиски системи... Можам да констатирам дека имаме заеднички точки и со високоразвиените системи ако се земе предвид конкретно нашата методологија за работа и процедурите по кои се раководиме и не би било неблагодарно да речам дека истите се усогласени со оние на светско ниво од типот на базелските стандарди и сл. Секако, ова искуство освежува, имаме прилика и за добро умрежување на колеги од различни бранши, еве, ние конкретно со деловните банки, факултетски колеги, колеги од правосудниот сектор.“
Александра Османли-Тулдевска, супервизор во Народна банка на Република Македонија
„Конференцијата е одлично организирана. Темата на Конференцијата е исклучително важна, бидејќи се соочуваме со многу измени во начинот на делување на компаниите и владите. Ние, како адвокати, или претставници на компаниите, имаме голема одговорност во успешното спроведувањето на овие измени.“
Андреи Лукач, адвокат од Темишвар, Романија
„ На Конференцијата сум првпат и многу сум задоволен. Сѐ е прецизно организирано, предвачите се одлични. Ви честитам, така продолжете!“
Александар Спасовски, правник во Макпетрол АД Скопје
„Сум присуствувал на голем број на конференции, меѓутоа од организациска гледна точка оваа конфереција е дефинитивно најдобрата, почнувајки од организаторот, потоа гостите, како и самите предавачи. Искрено се надевам дека ова ќе има импакт кај нас во Македонија, бидејки штом толку еминентни имиња од правната професија го сметаат ова како иден тренд, тоа значи дека треба да го прифатиме и кај нас.“
Предраг Ивановски, приправник во адвокатско друштво „Колемишевски и партнери“ и студент на мастер студии на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
„Многу сум задоволен од конференцијата. Сметам дека темата е одлична. Искуствата кои можат да се слушнат од предавачите се многу корисни. Посоебен впечаток ми остави генералниот секретар на Министерството за правда на Канада, г-динот Везина. Канада е земја лидер во областа на управување со правни ризици и ова што можеше да се слушне е корисно за Македонија и се надевам дека ќе претставува поттик за да се направи нешто на тоа поле. Слободно можам да кажам дека Македонија нема „legal risk management“
Денис Ризаов, правник во Гранит АД Скопје
„Сигурен сум дека Конференцијата преставува едно големо искуство за сите учесници, нова пракса со која се здобиваме... Тука повеќето сме адвокати и добро е да се слушнат искуствата од другите земји. Ми беше задоволство да присуствувам и двата дена.“
Неџат Даути, управувачки партнер во адвокатско друштво „Даути и Симјановски“
„Конференцијате е одлична и морам да истакнам дека делува доста мотивационо на нас како студенти.“
Зорица Наумовска, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
„Првпат учествувам на оваа Конференција и задоволна сум. Ми се допаднаа излагањата на предавачите. Ми се допаднаа особено излагањата на говорниците од Англија и од Канада. Првото, особено бидејќи беше поврзано и со бизнис делот и иако не е поврзано со мојата тековна работа дава еден поинаков осврт кој може да се примени.“
Катерина Митевска, супервизор во Народна банка на Република Македонија
„Како и лани, и годинава сум ептен задоволен од конференцијата, всушност минатогодишната конференција ме мотивираш да дојдам и на оваа. Ми се допаѓа разноликоста на предавачите од секоја област и тема. И понатаму ќе доаѓам!“
Рено Рисковски, правник во Цементарница Титан Усје АД Скопје
„За жал првиот ден не можев да присуствувам, но колегите ми пренесоа дека било одлично. Интересно е што можеме да се сретнеме на едно место правници, но и припадници на други фели од различни земји, да се запознаеме, па и да оствариме различни контакти за некои идни конференции.“
Елена Димова, адвокат во Адвокатско друштво „Чакмакова Адвокати“ од Скопје
„Конференцијата ми се допаѓа многу. Лани имав впечаток дека е некаков вовед со оваа материја во државава, сега гледам нешто многу поразработено, многу поконкретно, многу поопипливи информации кои компаниите можат полесно да ги имплементираат.“
Мери Недев, правен советник во ТАВ Аеродром Скопје
„Конференијата е интересна, предавачите се различни.“
Јован Јанковски, правник во Народна банка на Република Македонија
„Конференцијата е одлична, организацијата е многу добра. Не ми е првпат да доаѓам на обуки и конференции во организација на АКАДЕМИК.“
Иван Сотировски, Оддел за човечки ресурси во Народна банка на Република Македонија
„Навистина интересна конференција, би го издвоила Тома Фила од предавачите и професорот Димитар Гелев.“
Лидија Стојковска, Тинекс МТ ДООЕЛ Скопје
„Мислам дека Конференцијата, пред сѐ со реномето на учесниците има своја тежина и ни го доловува она што е моментално актуелно во светот, што е визионерско и за кое допрва треба да се спремиме во тој правец на размислување. Прекрасно организирана Конференција, точно и прецизно! Сметам дека ни требаат и други конференции од овој тип, но и повеќе работилници со поконкретен пренос на знаењата.“
Емилија Ранѓеловиќ, помошник директор во Сектор за правни работи и усогласување со закони во Еуролинк осигурување АД Скопје
„Одличен начин како да се запознаат, не само практичарите, туку и студентите со тема која што кај нас е релативно нова, односно концепт на работа кој е релативно нов. Ова претставува своевидна предност за сите присутни бидејќи добиваме шанса да научиме нешто повеќе на оваа тема од многу релевантни предавачи кои доаѓаат од земји каде што оваа практика е веќе воспоставена. Предавањата се одлични, и добро е што со нив се опфаќаат повеќе делови од светот на правото.“
Љубен Коцев, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
„Посебно ми беа интересни странските предавачи, од аспект на тоа што можевме да слушнеме искуства од надвор во поглед на управувањето со правни ризици и на една матрица како би можело тоа да се работи. Факт е дека кај нас многу малку се обрнува внимание на оваа тема, а правните ризици се присутни во секојдневното работење и многу е тешко да се измерат соодветно. Сметам дека треба да се разработат соодветни методологии и се разбира тоа нас посебно би ни користело при рабоотењето. Еве, на пример во банкарското работење, во Compliance секогаш кога се носат одлуките треба на некој начин да се измери правниот ризик; не да кажеш само: може или не може, туку да го измериш некако.“
Ирена Бачановиќ-Каракашев, Compliance officer во НЛБ Тутунска банка АД Скопје
„Многу сум задоволен од Конференцијата, од предавачите, а особено од Метју, Димитар Гелев и Тома Фила. Сметам дека беше одлично организирана од АКАДЕМИК и треба да има што повеќе вакви конференции.“
Џедат Даути, стручен соработник во Правен сектор на Агенција за електронски комуникации
„Како и минатогодишната, многу успешна Конференција. Имавме можност да слушнеме еминентни и врвни правници од различни правни области кои го споделија своето практично искуство во делот на препознавањето на правните ризици.“
Рената Петревска, правник во Министерство за надворешни работи
„Во основа сум задоволен од предавањата од двата дена, а посебно ме заитригира предавањето за франшизата, имаше навистина интересни податоци. Сметам дека Конференцијата беше навистина прекрасно организирано и дека АКАДЕМИК заслужува почит за целокупната организација и за предавачите кои сте успеале да ги донесете на истата.“
Константин Битраков, правник
„Многу ми се допаѓа начинот на кој е организирана конференцијата. Задоволна сум од предавачите бидејќи имаше многу нови работи кои можат да се слушнат во врска со правните ризици во правната професија, работи кои кај нас не се применуваат, но се надевам дека ќе најдат примена. Верувам дека секој кој беше присутен тука, навистина е задоволен бидејќи има многу нови работи кои можат да се научат.“
Маринела Мајнова, стручен соработник во извршителска канцеларија
„Убаво е да се слушнат искуства од колеги од повеќе земји. Ептен ми се допадна Конференцијата!“
Јасна Цветковска-Велковска, виш специјалист за корпоративно право во Македонски Телеком АД Скопје
„Идејата е прекрасна. Првпат учествувам на оваа конференција, предавачите се врвни и навистина може многу да се научи.“
Ненад Георгиев, стручен соработник во извршителска канцеларија Саветка Георгиева
The topics are interesting to hear. As we commented with another colleague, "legal risk management" is something we constantly face in practice, but this was a chance to hear about it in more sublimate and theoretical form. For me, the best topic was the one for the franchise, maybe because I personally am more interested in that.
Vesna Gavrilovska, partner at law firm "Cakmakova Lawyers" in Skopje
„Темите се интересни да се слушнат. Баш, искоментиравме со друга колешка дека „legal risk management“ e нешто што ние постојано во пракса го среќаваме, но еве ова беше една добра шанса да го слушнеме во една посублимирана и теоретска форма. За мене најдобра тема беше онаа за франшизата, бидејќи можеби мене лично ме интересира тоа повеќе.“
Весна Гавриловска, партнер во Адвокатско друштво „Чакмакова Адвокати“ од Скопје
„Одлична организација, многу корисна конференција, честитки за организацијата.“
Петар Богучевски, Министерство за иформатичко општество и администрација
„Супер е. Прекрасни предавачи, убава атмосфера.“
Јасна Илиќ Марин, правник во Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС
„Одлично. Во секоја смисла.“
Дарко Грозданов и Инес Лаличиќ од МЕПСО АД Скопје
„Одлична конференција, организацијата е предобра, предавачите се одлични.“
Јосиф Филиповски, правник во Југохром Фероалојс ДООЕЛ Јегуновце
„Убава Конференција, се подобро и подобро, овој континуитет мора да се одржи.“
Билјана Чакмакова, управувачки партнер во Адвокатско друштво „Чакмакова Адвокати“ од Скопје
„Супер, тука единствено се дознава за правните ризици на едно повисоко ниво.“
Стефанија Красиќ и Александра Стојановска од Халк Банка АД Скопје
„Ми се допаѓа и апелирам дека и ревизорите дека треба да бидат повеќе застапени и да го практикуваат знаењето стекнатато на Конференцијата“
Татјана Пешевска, раководител на внатрешна ревизија во МЕПСО АД Скопје
„Супер организација, честитки!“
Оливера Стефановска, правник во Македонска пошта АД Скопје
„Фантастична Конференција“
Весна Росоклија, правник во Медиа Принт Македонија
“Одлична е, интересно и корисно.“
Анжелика Милошевска, правник во Адора Инженеринг
“Супер Конференција!“
Ирена Младеновска – Анастасовски, Сектор за продажба во Триглав Осигуривање АД Скопје
„Да, ова е дефинитивно настан на многу високо ниво и навистина се е добро организирано.“
Тања Ѓурчинова од Комора на проценувачи
„Интересна тема, која допрва надоаѓа како актуелност во правото, треба да бидеме подготвен и добро што навремено преку овие Конференции да се дознаат попрактично нештата, од одлични предавачи.“
Љубомир Младенов, Министерство за информатичко општество и администрација на Р. Македонија
„Исклучително сум задоволна од конференцијата и навистина се чувствувам привилегирано што и ние студентите имавме можност да бидеме дел од неа. Убаво беше да се слушнат искуствата на многу меѓународни и домашни експерти за тоа како се предвидува и управува со ризикот во правото. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во наредните години.“
Елена Ацеска, студент на правен факултет, инаку благајник во бордот на ЕЛСА РМ
„Чест и задоволство ми беше да присуствувам на конференцијата. информациите коишто беа презентирани за правниот ризик се исклучително важни за развиток на така непозната област во нашата држава. Се надевам дека академик ќе продолжи да организира канференции и тоа не само за правни ризици, достапни и за нас најмладите правници. Пофалби за организацијата!“
Елена Милошеска, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.