Conference | Изјави 2013

 


Instagram

 

„Одлична конференција: од самата организација до излагачите.”
Ива Поповиќ, правник во НЛБ Пензински фонд AД Скопје
„Одлична смислена и организирана конференција. Се надевам дека идната година АКАДЕМИК ќе продолжи со истото темпо, со нови случаи и нови предавачи.”
Тања Ѓорѓиева-Ванчева, правник во НЛБ Пензиски фонд АД Скопје
„Организацијата беше одлична, бев воодушевена од некои од излагачите од двата дена. Имате одлична оценка од мене.“
Андријана Зариоска, правник во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
„Значи јас кажав на неколку мои колеги дека ваков ентузијазам и енергија не може да остане незабележан и треба да се поздрави, тоа е една од причините зошто сум дојден тука. Второ, мислам дека нас навистина ни недостасуваат вакви настани со ваков квалитет. Се надевам дека ова ќе прерасне во настан кој ќе се одржува секоја година, односно организаторот ќе најде повторно сила и енергија да организира вакво нешто.”
Александар Ичоќаев, адвокат во адвокатска кацеларија „Поповски“
„Сметам дека конференцијата на АКАДЕМИК беше многу успешна и многу корисна за сите учесници. Ако не се лажам мислам дека првпат се одржува конференција од ваков тип, на ваква тема и секогаш е добро и полезно за сите адвокати да имаат прилика да разменат искуства. Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција на АКАДЕМИК и во иднина ќе се организираат уште поуспешни конференции, како и дека ќе биде поттик за и други субјекти да организираат ваков тип на конференции и семинари.“
Шпенд Деваја,адвокат од Скопје
„Сметам дека конференцијата на АКАДЕМИК е нешто ново, невообичаено, практично веројатно тренд понатаму.“
Дарко Николоски, правник во „Мермерен комбинат“ АД Прилеп
„Одлична конференција едвај чекавме вакво нешто да се случи во Македонија бидејќи е многу актуелна тема и сметам дека ќе им помогне многу на правниците.“
Васка Гичева, раководител на правна служба и сопственик на ИГМ-ТРЕЈД Илија и др. ДОО Кавадарци
„Навистина ми се допадна конференцијата: свежа идеја! Убаво е да слушнеш нови луѓе, со нови размислувања за тема која сите не тангира.“
Златко Стојчески, раководител на Правна служба во Вип оператор ДООЕЛ Скопје
„Конференцијата се одвиваше со многу интересно темпо, имаше многу интересни предавачи, особено впечаток ми остави презентацијата на адвокатот од Њујорк, Блеин Бортник, кој што даде осврт на неговите практични искуства во менаџирањето со правен ризик. Ми се допадна и презентацијата на Георги Димитров, особено презентацијата на идикаторите како да се определи точен процент на ризик. Оваа конференција во секој поглед беше успешна и се надевам дека АКАДЕМИК ќе продолжи да организира конференции од ист или сличен тип и во иднина.“
Ѓорѓи Горгиевски, адвокат во „Карановиќ и Николиќ
„Конференцијата за мене е одлично, ново и свежо искуство. Во целост ми се допадна и се надевам дека АКАДЕМИК и во иднина пак ќе организира вакво нешто слично.“
Александар Симјаноски, адвокат од Тетово
„Одлична идеја, ја поздравувам! Штом е „Прва регионална конференција“ се надеваме дека ќе следи и втора, трета… на интересни теми како што имавме можност да слушнеме на овие два дена од странски и домашни колеги. Секоја новина, друг начин на справување со „risk management“ е убаво да се слушне, како и да се направи споредба со другите држави, но исто така она што може да се примени во пракса.“
Весна Костовска, раководител на Сектор за правни работи во „ЕОС Матрикс“
„Навистина солидна конференција која ни даде доста интересен поглед на работите од стручен аспект. Слушнавме примери и од странство и од Македонија меѓу кои и анализи на предмети. Ни беше предочено како да се справиме со ризик од аспект на предмет, на проект, на фирма, на адвокатска компанија… Интересно, бидејќи придонесува да се има поголема перспектива на целата оваа тематика. Сметам дека ова беше еден добар настан, кој би можел да прерасне во традиција.“
Александар Ицковски, раководител на Правна служба во ОНЕ телекомуникациски оператор АД Скопје
„Одлична конференција, прекрасна идеја, честитки на АКАДЕМИК за организацијата. Навистина интересна конференција, за нас како практичари многу поучна. Беше добро да се слушнат искуствата на „Фрешфилдс“ од Лондон, како и другите предавачи.“
Кристијан Поленак, управувачки партнер во адвокатското друштво „Поленак“
„Морам да кажам дека сум исклучително задоволна. Уште првиот пат кога слушнав дека се припрема ваква конференција ја поздравив одлуката, бидејќи е нешто што првпат се случува во Македонија. Нивото е навистина многу високо и искрено се надевам дека во иднина ќе стане традиција да се организираат вакви настани кои имаат интернационален карактер со цел разменување на искуства и со колегите од соседството што е многу битно, бидејќи знаете како рекле: „двајца правници, три мислења“. Верувам дека утрешниот ден исто така ќе биде одличен и дека ќе излеземе со заклучоци за кои ќе се зборува. Искрено се надевам на подобрување на правната сигурност во нашето општество, правата и слободите.
Снежана Калеска-Ванчева, партнер во адвокатското друштво „ДЕ ЛЕГЕ“
„Навистина одлична конференција, сум учествувал на најразлични конференции, меѓутоа оваа посебно пријатно ме изненади, преубава организација. Изборот на гостите е одличен, надвор е од сите клишеа. Предавачите преискусни во областите во кои работат, тие со нас споделија практично искуство од работењето, што за мене како адвокат има големо значење. Го поздравувам организирањето на конференцијата и се надевам дека ова ќе биде поттик следната година да имаме уште поголема конференција.“
Димитар Панчевски, адвокат од Скопје
„Воодушевена сум, најпрвин зошто првпат се одржува конференција од ваков калибар, а второ бидејќи беше навистина високопрофилна конференција. Досега никој не се нафатил вакво нешто да организира, со вакви врвни предавачи од регинот и светот. Особено ми остави впечаток излагањето на адвокатот Анто Нобило, исто така господинот Тим Џоунс.”
Ана Велковска, претседател на ЕLSA Republic of Macedonia. (European Law Students’ Association)
„Конференцијата беше одлична, одлични гости, многу интересни за слушање. Мислам дека дури утре ќе биде поинтересно со апликативните примени на правото.“
Дарко Кермичиев, правник во ТГС „Технички гасови“ AД Скопје
„Првпат сум на конференција од овој тип, мислам дека во иднина потребно е почесто на ваква тематика да се организираат конференции бидејќи во правниот дел, барем во досегашното мое искуство, многу малку се зборувало за ризици.“
Владимир Огњановски, директор за правни и општи работи во Електрани на Македонија АД Скопје
„Денешната конференција можам да кажам дека беше на ниво, јас сум многу задоволна. Искуствата, практиките кои ни беа пренесени беа воодушевувачки.“
Ленче Добрашиновиќ, правник во Општина Ранковце
„Прекрасно! И време беше веќе некој да организира вакво нешто во нашиот регион. Предавачите беа на многу високо ниво.Се надевам и утрешниот ден ќе ги исполни очекувањата.“
Анета Лазова, правник во ЈП „Комуналец“ Неготино
„Конференцијата беше одлична, презадоволен сум од предавачите. Ретко во Македонија имаме прилика да слушнеме предавачи од овој калибар. Убаво е да се слушнат некои искуства и да се применат потоа во Македонија. Очекувам и утре да се продолжи во ист ритам и ова да премине во традиција.“
Трајче Саздов, адвокат од Скопје
„Јас сум првпат на конференција од ваков тип и сум презадоволен, првенствено бидејќи се здобив со нови сознанија за теми со кои не ми се толку познати, бидејќи работам во една друга бранша. Би било пожелно и другпат да се организираат вакви конференции со цел и ние да се стекнеме со поголеми искуства.“
Бранко Витанов, ревизор во Електрани на Македонија АД Скопје
„Треба почесто да има вакви конференции, насловот е Прва регионална конференција, алудира на тоа дека и понатаму ќе има вакви конференции. Мислам дека е оганизирана на високо професионално ниво, дури ги надмина и моите очекувања. Во однос на изборот на предавачи мислам дека е одличен, со оглед на тоа што доаѓаат од различни земји и континенти, за секој правник е убаво да присуствува на вакво нешто.”
Марта Десовска, правник во „Штедилница Можности“ ДОО Скопје
„Бев само денеска, меѓутоа многу ми се допадна. Треба да се продолжи со вакoв тренд.“
Билјана Јанура,судија во Основен суд Скопје
„Одлично организирано! Слушнавме мислења од други држави, од други адвокати, односно на кој начин тоа е регулирано во овие држави. Факт е дека тој правен ризик постои насекаде, треба навреме да се реагира да се намали ризикот затоа што штетни се последиците и за работникот и за работодавачите. Сметам дека конференцијата е успешна, а тоа се гледа и од посетеноста.“
Санде Зиков, судија во Основен суд Скопје
„Сметам дека организацијата е на високо ниво и истата ќе користи за подобрување на правната сцена во нашата држава. Слушнавме меѓународни искуства што е многу позитивно за нас.“
Марко Димов, адвокат од Велес
„Прекрасна конференција, имавме можност да слушнеме на каков начин се решаваат правните ризици во други држави во Европа и светот. Особено предавањето на претставникот од Америка, г. Бортник, не воодушеви раскажувајки за нивниот начин на справување со правни ризици, кој за нашето подрачје малку е невообичаен. Сметам дека треба да се продолжи со вакви конференции во области кои навистина досега не е зборувано во нашето подрачје.“
Јулија Чавдар-Христова, судија во Основен суд Скопје
„Треба да се продолжи со повеќе вакви конференции, многу е продуктивно, се слушнаа корисни совети и искуства од адвокатски канцеларии кои се надвор од Македонија. Паралела со Македонија не може да се направи, кај нас системот е сосема различен, но во секој случај добро е да се слушне.“
Соња Пешовска, директор на Правна служба во „Империјал тобако“ ТКС АД Скопје
„Конференцијата навистина значеше многу за нас како правници, можевме да се стекнеме со разни искуства, можеме да слушнеме лица кои имаат искуства со справувањето со правните ризици.”
Фатон Мемети, Фонд за здравствено осигурување Македонија
„Многу ми е криво што вчера не можев да останам до крај бидејќи имав судска расправа од 1 часот, но од тоа што слушнав навистина беше корисно и предавачите беа прекрасни. Мислам дека и во иднина треба да има вакво нешто, да се организира друга конференција каде ќе има и повеќе случаи од праксата.“
Депа Андонова, раководител на правна служба во Македонска Навигација М-НАВ
„Генерално тоа што се презентира е бизнис ориентирано, не е некако стрикно техничко, не се презентира кусо знаење. Слушнавме искуства од големи коорпорации, од адвокати што презентираат популарни случаи. Можам да кажам дека размената на знаење беше меѓу континентална, така што одлична конференција!“
Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ АД Скопје
„Конференцијата е стварно одлична, на ниво на светски познати компании“
Илијанчо Гаговски, претприемач
„Одлична конференција, треба и понатаму да се продолжи со исто темпо. Потребни се и други вакви конференции. Досега сум била на обуки што ги организира Академик. Во секој случај корисно и многу поучно.
Силфана Ончева, даночен инспектор од Општина Велес
„Многу ми се допадна конференцијата, очекував искрено дека ќе биде добро, но се изненадив, ова е повеќе од одлично.“
Станка Везенковска, судија во Основен суд Скопје
„Многу сум задоволен од сите аспекти на организацијата, предавачите се одлични, како изгледа салата, се е на високо професионално ниво, мислам дека вакви настани требаат многу почесто да се случуваат во Македонија, со гости кои се професионално докажани во регионот и светот. Мислам дека имаше еден спектар на предавачи кои ни пренесоа знаење и искуство во многу области кои ќе ми служат во, се надевам, мојата успешна идна кариера.“
Јане Илијески, приправник во „Георги Димитров Адвокати“
„Конференцијата е одлична, ние како студенти сме привилегирани што денеска сме овде. Предавачите се искусни и успешни адвокати, можеме да слушнеме правничко искуство од регионот и светот. Од овде ќе излеземе не со една туку со три дипломи. Ова е прва регионална конфеенција, треба секоја година да има, ако не тука барем надвор во регионот. Се надевам дека и во иднинаќе имаме можност да присуствуваме на ваква конференција.”
Лорета Пановска, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“
„Темите беа навистина добри, интересна презентација и добри предавачи, начелно одлична оценка.“
Димитар Георгиевски, заменик директор во Дирекција за наплата во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје
„Нешто сосема различно од она што досега сме го гледале и прателе како правници и стручњаци. Предавачите се внимателно одбрани, а презентациите солидни. Со нетрпение ја очекувам следната Конференција на која очекувам да има уште поинтересни гости иако и овие беа одлични.“
Стефанија Красиќ, в.д. директор на Дирекција за наплата на ризични побарувања во Халкбанка АД Скопје
„Доста добро, солидни предавачи и интересна тема, мислам дека треба вакви конференции и да има и во иднина, да слушнеме странски искуства и познавачи на правни материи на други системи.”
Рисина Димковска, соработник за правни работи во Халкбанка
„Најискрени честититки за одлично организираната конференција „Legal Risk Mаnagement“, се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во наредните години.“
Маја Андреевска-Блажевска, директор на Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите во Стопанска банка АД Скопје
„На така професионално организирана конференција, со такви предавачи - „имиња“ во својата област на работењето, можат да ви позавидат и највисоките државни институции.“
Сања Милановиќ, адвокатска канцеларија „Милановиќ