Управување со правни ризици: правни трендови
18-19.10.2016, Хотел Александар Палас, Скопје

Оваа конференција е создадена со цел да се поттикне развојот на управувањето со правните ризици, според нас, најважниот правен тренд кој ќе ја одбележи претстојната декада со неговата присутност во сите сфери на правниот живот.

Ги собираме и презентираме најдобрите практики во правниот свет кои помагаат да се предвидат, да се избегнат или да се управуваат фаталните грешки во донесувањето одлуки, склучувањето договори или при водењето на судските спорови - најдобрите практики во управувањето со правните ризици.

Во трите години постоење, конференцијата ги собра лидерите во правниот свет кои се занимаваат со оваа тема, без исклучок. Оваа година ќе ставиме акцент на правните трендови, односно ќе ги запознаеме нашите учесници со најновите и најдобрите правни практики во сферата на правниот дизајн, со алтеративните правни практики кај адвокатските компании, со новините во користењето на правните услуги, со усогласеноста со законите и етичките норми (compliance), со модерниот in-house правник, со управувањето со таленти и со регионалните правни достигнувања.

Ќе ве запознаеме со иновативни лидери од правото и од бизнисот, луѓе чии биографии и мотивирачки говори ќе имаат само една цел: да ве инспирираат.

Академик ја организира конференцијата по четврти пат, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, на 18 и 19 октомври 2016. За вас подготвивме многу изненадувања и, се разбира, oчекувајте го нашиот е-билтен во вашите е-поштенски сандачиња наскоро.

Кликнете на програмата и листата со предавачи  за овогодишната конференција за да добиете повеќе информации.

Цената за учество на конференцијата е 9.800,00 денари + 18% ДДВ. Во цената е вклучено: акредитација за едно лице, симултан превод од македонски на англиски јазик и обратно, кафе и освежителни пијалаци за време на паузите, ручек, работни материјали, сертификат за учество на конференцијата и специјални изненадувања. Регистрирајте се веднаш и искористете ја можноста да го резервирате вашето место и да им се приклучите на останатите врвни професионалци од правната фела!

За сите информации и резервации, обратете се на: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821; 02/3237-465